1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
2 март 2024

Реката Вардар- најголемата гордост, опеана во песни и преданија, се соочува со еколошка катастрофа! Низ Вардар тече загадена вода, коритото е уништено, на неговите брегови виреат депонии, а жив свет во реката речиси и да нема.

Со 388 километри должина и речен слив од приближно 25.000 км2, Вардар е најголемата река во Северна Македонија. Најголемата гордост, опеана во песни и преданија, се соочува со еколошка катастрофа! Низ Вардар тече загадена вода, коритото е уништено, на неговите брегови виреат депонии, а жив свет во реката речиси и да нема. Во Вардар завршуваат фекалиите од градовите и селата, индустриските отпадни води. Во Вардар се фрла ѓубре од секаков вид, градежен шут. Неговото корито се уништува со легален и нелегален ископ на песок и камен. Најголемиот проблем е што никој не знае какви сѐ отрови се испуштаат во реката, бидејќи квалитетот на водата се мери само по неколку одредени параметри. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми