1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

САД и Гренланд: Од закани за напад до планови за купување

ЕМФ / дпа
7 јануари 2026

САД испраќаат противречни сигнали околу Гренланд - од можен воен ангажман до план за купување. Данска и Европа остро се спротивставуваат.

САД Вашингтон 2025 | Каролин Лeвит на прес-конференција во Белата куќа
Каролин Левит: Претседателот и неговиот тим разгледуваат низа опции за да ја постигнат оваа важна цел во надворешната политика, и се разбира, врховниот командант секогаш ја има на располагање опцијата за ангажман на американската армијаФотографија: Evan Vucci/AP Photo/dpa/picture alliance

Во спорот околу Гренланд, кој припаѓа на Кралството Данска, американската влада испраќа противречни сигнали: Белата куќа не исклучува категорично воена интервенција, додека, според извештаи, министероот за надворешни рбаоти зборува за купување на автономниот арктички остров.

Портпаролката на претседателот Доналд Трамп, Каролин Левит, вчеравечер (6.01) за американските барања во врска со Гренланд изјави: „Претседателот и неговиот тим разгледуваат низа опции за да ја постигнат оваа важна цел во надворешната политика, и се разбира, врховниот командант секогаш ја има на располагање опцијата за ангажман на американската армија.“

Трамп наводно побарал нов план за купување на Гренланд

Министерот за надворешни работи на САД, Марко Рубио, кој моментално е и советник за национална безбедност на Трамп, според медиумски извештаи, во доверлива средба со американски пратеници изјавил дека неодамнешните закани не треба да се толкуваат како сигнал за воена инвазија. Целта била купување на Гренланд, пренесуваат „Вол стрит журнал“ и „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на лица запознаени со случајот. Средбата се одржала во понеделникот (5.01).

Понатаму, „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на функционери, пишува дека претседателот Доналд Трамп побарал неговите соработници да му достават актуелизиран план за добивање на островот. Трамп во својот прв мандат веќе ја споменуваше оваа идеја.

Данска и Европејците се спротивставуваат на американските настојувања

Данска категорично ги отфрла американските барања за Гренланд и воените закани. Премиерката Мете Фредериксен изјави: „Ако САД нападнат друга земја членка на НАТО, тогаш сè завршува.“ Тоа би бил крај на западниот одбранбен сојуз и на безбедносната архитектура која постои од крајот на Втората светска војна.

Во заедничко соопштение, Германија, Франција, Италија, Полска, Шпанија, Велика Британија и Данска во вторникот јасно ставија до знаење: Гренланд им припаѓа на Гренланѓаните. „Само Данска и Гренланд имаат право да решаваат за прашања што ги засегаат Данска и Гренланд“, се вели во изјавата што ја потпиша и германскиот канцелар Фридрих Мерц.

И владата на Гренланд, каде што живеат околу 57.000 луѓе, ги отфрла американските аспирации.

Кој го поседува Гренланд?

00:57

This browser does not support the video element.

Отпор и во американскиот Конгрес

Во американскиот Конгрес, исто така, има поединечни критики на сметка на владата на Трамп. Демократската сенаторка Џин Шаин и републиканскиот сенатор Том Тилис, двајцата членови на Комисијата за надворешни работи, соопштија: Ако Данска и Гренланд јасно стават до знаење дека островот не е за продажба, тогаш САД мора да ги почитуваат своите договорни обврски и суверенитетот на Кралството Данска.

Трамп, во своите барања за поседување на Гренланд, постојано укажува и на Кина и Русија. Според него, ако човек го погледне Гренланд по должината на брегот, ќе види руски и кинески бродови насекаде. Тој тврди дека не станува збор за минерали или нафта — од тоа САД имаат доволно — туку дека САД го сакаат Гренланд за својата национална безбедност. Последните негови изјави уследија по американската воена интервенција во Венецуела и по глобалната загриженост дека тој би можел да фрли поглед и кон други региони.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми