1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиСоединети Американски Држави

САД: Стотици жртви меѓу севернокорејските војници во Курск

ЕМФ | Тагесшау
18 декември 2024

Според Пентагон, севернокорејски војници кои немаат големо борбено искуство се борат на првата линија на фронтот во регионот Курск.

Украина војна Курск
Ракетен фрлач на руската армија во регионот КурскФотографија: Russisches Verteidigungsministerium/AP/picture alliance

Севернокорејските единици кои се борат на страната на Русија, според претставник на американската влада, претрпеле големи загуби во битките со украинската армија во руската погранична област Курск. „Нашата најнова проценка е дека Северна Кореја претрпе неколку стотици жртви“, изјави висок американски воен претставник во Вашингтон.

Владиниот претставник додава дека бројот на жртвите што ги наведува вклучува и повредени војници и загинати војници. Засегнати се војници од сите чинови. „Ова не се искусни борбени трупи. Тие никогаш порано не биле во борба“, нагласува тој.

Русија и Северна Кореја ја зголемија својата воена соработка по рускиот напад на Украина во февруари 2022 година. Во јуни, двете земји потпишаа одбранбен пакт кој стапи на сила овој месец. Од средината на октомври почнаа да пристигнуваат први извештаи за испраќање севернокорејски војници во Русија.

Вашингтон зборува за стотици повредени или загинати севернокорејски војници (фото: припадници на армијата на Северна Кореја, архивска фотографија)Фотографија: KCNA via REUTERS

Руска контраофанзива во регионот Курск

Според проценките на американската влада, Северна Кореја испратила околу 10.000 војници да ги засилат руските единици. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изминатиот викенд изјави дека Русија „во значителна мера“ користи севернокорејски војници во борбите во Курск. Тие, според него, се борат во мешани единици заедно со руски војници.

Во понеделникот (16.12.), украинското воено разузнавање соопшти дека најмалку 30 севернокорејски војници биле убиени или повредени во регионот Курск. Украинската армија ја нападна областа Курск во август и окупираше неколку стотици квадратни километри. Меѓутоа, во меѓувреме мораше да се откаже од голем дел од освоената територија. Во вторникот, раководството на украинската армија соопшти дека Русија започнала „интензивна“ контраофанзива во регионот во која се вклучени „севернокорејски армиски единици“.

Белата куќа и Пентагон претходно оваа недела потврдија дека севернокорејските сили се борат на фронтот заедно со руските единици, а во некои случаи и независно.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми