1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Велика Британија: Почина и трето дете по нападот со нож

ЖА
30 јули 2024

Три девојчиња загинаа по напад со нож на час по детски танц. Британскиот премиер Стармер, кралот Чарлс и пејачката Тејлор Свифт изразија шокираност. Мотивот на сторителот сѐ уште е нејасен.

Три девојчиња загинаа по напад со нож на час по детски танц во Саутпорт, Велика Британија
Три девојчиња загинаа по напад со нож на час по детски танц во Саутпорт, Велика БританијаФотографија: James Speakman/PA Wire/empics/picture alliance

Три деца загинаа во напад со нож во Саутпорт, Велика Британија. Две девојчиња на возраст од шест и седум години беа убиени во нападот во понеделникот, во меѓувреме почина и едно деветгодишно дете.

Вооружен со нож, осомничениот сторител влегол во објект во кој учествувале деца на возраст меѓу шест и единаесет години на курс во рамките на нивниот одмор. Настанот според организаторите бил еден вид час по танц и јога на тема Тејлор Свифт.  Очевидците зборуваа за сцени „како од хорор филм“. Сведок пријавил дека видел раскрвавени деца како бегаат од центарот на заедницата. Покрај починатите девојчиња, повредени се уште осум деца. Пет од нив се во критична состојба, како и двајца полнолетни кои сакале да помогнат и биле нападнати. Осомничениот 17-годишен сторител е уапсен по делото, тој е обвинет за убиство и обид за убиство. Тој доаѓа од село на околу осум километри од местото на злосторството. Полицијата сѐ уште не дава информации за можните мотиви, но ја отфрлила можноста за терористички напад. Не се врши потрага по други осомничени

Во Саутпорт владее збунетост. Во близина на местото на злосторството се поставени цвеќиња и плишани животни. Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека е шокиран. Кралот Чарлс III го изрази своето „најдлабоко сочувство и молитви“ до роднините. Британскиот престолонаследник, принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт, на онлајн-сервисот Х напишаа дека „ние како родители не можеме да си претставиме низ што сѐ минуваат семејствата, роднините и пријателите на повредените."

Вознемирено реагираше и Тејлор Свифт. Во својата приказна на Инстаграм таа напиша дека е „едноставно во шок“ и дека постојано размислува за нападот во Саутпорт. „Тоа беа само мали деца на час по танц“. Таа истакнува дека воопшто не знае како може адекватно да го изрази своето сочувство до погодените семејства.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми