1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаВенецуела

Венецуела - ЕУ не го признава изборот на Мадуро

ЖА
5 август 2024

По САД и неколку други земји, и Европската унија објави дека нема да ја признае изборната победа на Мадуро во Венецуела. Расте меѓународната загриженост за масовните апсења и тековното насилство во земјата.

Масовни протести во Венецуела против Мадуро
Масовни протести во Венецуела против Мадуро со обвинување за изборна кражбаФотографија: Matias Delacroix/AP/picture alliance

По контроверзните претседателски избори во Венецуела, ЕУ одби да го признае реизборот на Николас Мадуро. Резултатите објавени од  Националниот изборен совет на Венецуела  на 2 август „не можат да бидат признаени“, се вели во соопштението на Европскиот совет „Секој обид за одложување на целосното објавување на официјалните изборни записници само ќе предизвика дополнителни сомнежи за нивниот кредибилитет“, се вели во соопштението на Европскиот совет.

„Копиите од изборните записници објавени од опозицијата и потврдени од неколку независни организации укажуваат на тоа дека (опозицискиот кандидат) Едмундо Гонзалес Урутиа победи на претседателските избори со јасно мнозинство“, се вели во соопштението. Затоа ЕУ повикува на „независна проверка  на изборните записници, ако е можно од меѓународно признато тело“.

Меѓународни критики за апсењата

Во меѓувреме, во светот се множат критики за зголемениот број апсења во оваа јужноамериканска земја.  Венецуела се наоѓа  во „критична ситуација“, рече папата Франциско за време на традиционалната молитва на плоштадот Свети Петар во Ватикан. „Апелирам до сите страни да ја бараат вистината и да избегнуваат секаков вид насилство."

Мадуро претходно објави дека  владата уапсила 2.000 нејзини противници. На митинг во главниот град Каракас, тој се закани со ќе апсење на уште повеќе луѓе и нивно ставање во затвор. Заменик-советникот за национална безбедност на САД, Џон Финер, изјави за Си-Би-Ес дека американската влада е загрижена дека апсењата може да доведат до дополнителни немири. 

Во заедничкото соопштение на неколку европски земји, вклучително и Франција, Шпанија, Германија и Италија, се вели дека мора да се почитуваат правата на сите Венецуелци, особено на политичките лидери: „Ги осудуваме сите апсења или закани против нив“.

Венецуелската изборна комисија го прогласи Мадуро за победник  на претседателските избори на 28 јули, но не успеа да даде прецизни резултати од гласањето за да го поддржи овој исход.  Неколку земји, вклучувајќи ги САД,  Перу и Аргентина, во петокот официјално го признаа опозицискиот кандидат Гонзалес Урутија за нов шеф на Венецуела. ЕУ сè уште не се приклучи на овој чекор.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми