1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаВенецуела

Венецуела: Обвинувања за сајбер напад од Северна Македонија

ЕМФ / дпа
30 јули 2024

По контроверзните претседателски избори во Венецуела, Обвинителството зборува за хакерски напад врз изборната комисија кој дошол од Северна Македонија.

Протести во Каракас против реизборот на Мадуро
Протести во Каракас против реизборот на Мадуро, 29.07.2024Фотографија: Pedro Rances Mattey/Anadolu/picture alliance

Сајбер напад извршен од Северна Македонија влијаел врз пренесувањето на резултатите од претседателските избори во Венецуела, тврди Обвинителството во таа земја. Според главниот обвинител Тарек Вилијам Сааб, бил направен обид за манипулирање на резултатите, но тој не успеал. Зад нападот стојат опозициската лидерка Марија Корина Мачадо и двајца други познати противници на венецуелската влада, тврди Сааб. Резултатите од одделни изборни единици наскоро ќе бидат објавени на интернет страницата на Изборната комисија, се вели од Обвинителството.

По гласањето во неделата, Изборната комисија прогласи победа на авторитарниот претседател Николас Мадуро со 51,2% од гласовите. Опозицискиот кандидат Едмундо Гонзалес, според Изборната комисија, добил 44,2% од гласовите. Опозицијата не ги признава резултатите и ја обвинува власта за изборна измама. Сомневања во официјалните резултати изразија и САД и низа латиноамерикански држави. Во истражувањата на јавното мислење пред изборите се исцртуваше јасна победа на опозицијата.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми