1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КултураУнгарија

Веспрем 2023: Шармот на провинцијата на езеро

Агнес Шабо
6 јануари 2023

Унгарскиот град Веспрем е една од трите европски културни престолнини во 2023 година. Уметноста и културата годинава ќе заземат централно место во животот на градот на езерото Балатон.

Тврдината над Веспрем беше разубавена во рамките на подготовките за Европската културна престолнина
Тврдината над Веспрем беше разубавена во рамките на подготовките за Европската културна престолнинаФотографија: Agnes Szabo /DW

Веспрем е еден од најстарите градови во Унгарија, стар е речиси колку државата и христијанството во неа. Во 11 век тука се наоѓало првото седиште на бискупијата. Тука е и универзитетот во Унгарија, а во градот со векови се крунисани унгарските кралеви. Денеска во градот живеат околу 60.000 луѓе и местото е богато со индустрија и култура. Поради музичката разнолокост на овој регион, Унеско го прогласи Веспрем за „град на музиката“.

„Што се однесува до социографијата, постои слој на таканаречени „бели крагни“ и слој на „сини крангни“- инженери кои работат во бројните фабрики и кои студирале на тамошниот универзитет, како и работници кои работат во фабриките“, објаснува Золтан Месарош, поранешен раководител на проектот Веспрем како европска престолнина на културата.

Веспрем има два големи конкуренти во земјата - Џер и Дебрецин. „За нас постоеше јасна цел, но тоа истовремено беше борба меѓу Давид и Голијат. Бевме најмали, но имавме најголем ентузијазам“, ги објаснува Месарош причините за победата. Постои уште една причина. Веспрем се пријави за титулата главен град на културата на континентот заедно со регионот Балатон. Северниот брег на езерото е во близина на градот и градот без Балатон е незамислив. „Јас себе си се сметам за жител и на Балатон и на Веспрем. Жителите тука имаат двоен идентитет. Најголемиот број од нив ги поминуваат летните месеци на езерото, а остатокот од годината во градот. Оваа близина на езерото е и благослов и проклетство, бидејќи езерото привлекува бројни туристи- но, така ги зема и градот“, додава Месарош со шеретска насмевка.

Золтан Месарош, поранешен раководител на проектот Веспрем како европска престолнина на културатаФотографија: Agnes Szabo/DW

Тој заедничкиот настап на градот и на регионот ги гледа како интересен предизвик. „Мене ме интересира како Веспрем може да ги преиспита своите врски со околината и повторно да ги воспостави. Тоа е задача за наредните 10 до 20 години. Балатон, на пример, има еколошки проблем, а тој проблем не може да се реши за една година. Но, ние на нашите посетители можеме да им обрнеме внимание за тоа.“

Санација и одржливост

Едно од поважните настојувања на огранизаторот е постоечката заедница на градот и на регионот подобро да ги поврзе. Цел е да се запре отселувањето на младите луѓе и на студентите, да се поттикне доселување. Бројните културни случувања ќе укажуваат на постоечките проблеми и ќе придонесат ова место да биде на одржлив начин вредно за живеење.

На само 26 километри од Веспрем е Инота со поранешниот рудник за лигнит кој е затворен по падот на комунистичкиот режим. Напуштените високи оџаци ќе послужат како место за одржување на фестивалот на светла и електронска и експериментална музика. Даниел Бешње е на чело на проектот. „Ова е најголем индустриски реликт во Унгарија. Нам ни е важно да допреме до населението, Електраната им е блиска, бидејќи родителите или дедовците и бабите работеле тука. Тие имаат однос кон тоа место. Ние даваме добар пример бидејќи овој простор го исполнуваме со живот. Сакаме да направиме одржлива програма и да ја организираме секоја година“, вели тој.

Поранешната термоцентрала на лигнит стана место за светлосни фестивали и концерти на електронска музикаФотографија: Agnes Szabo /DW

Во југозападниот дел од градот во 1903 година е изграден домот за деца без родители кој сега е напуштен. Во 2023 година, реновираната зграда ќе стане центар за култура и за рекреативни активности. Центарот АктиСити нуди одлични услови за вежбање и настапи на групи на истото место, кои досега беа расфрлани низ градот. Класичниот балет, народните танци, разните општествени танци, модерните форми на движење конечно можат да функционираат економски одржливо на едно место.

Куќата Рутнер која е изградена во почетокот на 19 век буквално во последен момент избегна уривање. Ова е добар пример за повторно интегрирање во градот на некогаш опасната околина во која живееле само бездомници. Куќата можеше да стане луксузен хотел, но организаторите имаа друга визија. Ги преиспитаа капацитетите за сместување во градот и не најдоа ништо погодно за ученички екскурзии. Поради таа ќе стане хостел за ученици.

Од дворот со лифт се стигнува до поранешниот затвор во тврдината над градот. Веќе се пронајдени инвеститори за двете градби.

Распаднатиот поранешен дом за деца без родители беше претворен во дом на културатаФотографија: Agnes Szabo /DW

Куче од хартија и други занимливости

„Никогаш веќе нема да биде досадно во вторник навечер“, гласи мотото на ресторанот „Папиркутја“ (Куче од хартија) во стариот град. Досега на градот му недостасуваше место на кое ќе се обединат гастрономијата, понудата на регонални вина и интересни манифестации. Во стариот град навечер не беше живо, па околу 2.000 студенти порадо остануваа во кампусот. Овој локал има намера тоа да го промени, бидејќи во вторник навечер приредува концерти. За промена на сликата ќе придонесат и бројни нови кафулиња и барови.

Посетителите ги очекуваат 3.000 манифестации. Поточни информации и ориентација во програмата нуди и новата апликација, Проектот официјално ќе биде отворен на 21 јануари со улична забава, во февруари ќе се одржи фестивал на современа книжевност, во април е блуз фестивалот, а во мај меѓународен фестивал на танц. За јуни е планиран фестивал на унгарски филм, во јули следи оперски фестивал. Во август ќе се одржи фестивал на „светска музика“, а фестивалот на светла во Инота е планиран за септември. Ќе следи џез фестивал во ноември. Нема да има некој спектакуларен завршен фестивал, но ќе биде организирана богата градска прослава.

„Никогаш повеќе здодевна вторничка вечер“, е мотото на ресторанот „Папиркутија“Фотографија: Agnes Szabo /DW

Целиот проект беше поддржан од унгарската влада со 70 милијарди форинти (175 милиони евра). Третина е наменета за настани и административни трошоци, а две третини за инвестиции во инфраструктурата.

Добро развиен концепт, организација полна со ентузијазам и доволно ресурси - на овој начин градот и неговата околина ќе доспеат во фокусот на европското внимание. Веспрем се чини е добро подготви. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми