1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСеверна Македонија

Кои се убијците на Вања Ѓорчевска

01:58

This browser does not support the video element.

БГ
4 декември 2023

МВР и Обвинителството сметаат дека Љупчо Палевски-Палчо е организатор и извршител на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тој е во бегство и се очекува по него да биде распишана меѓународна потерница.

Вања Ѓорчевска била грабната од влезот на зградата каде што живеела со цел да се изнудат пари од нејзината мајка. Грабнувачите ѝ ги врзале рацете и нозете, ја покриле со вреќа за спиење и ја ставиле во гепекот на возилото „цитроен“. Пред возилото имало друг автомобил - „рено канго“ коешто цело време се движело пред нив. Девојчето било однесено на локација надвор од Скопје, во атарот на село Бразда, Чучер Сандево, каде е извршено убиството, а потоа е запалено возилото со коешто е грабната. Малата Вања е убиена поради обид да се изнудат пари од мајката на девојчето. Но, полицијата нема информации дека некој побарал пари за откуп, ниту пак дека биле исплатени средства на грабнувачите. 

Ова се најновите сознанија од предистрагата која што ја води скопското обвинителство, со соработка со МВР, за исчезнувањето и смртта на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74- годишниот велешанец Панче Жежовски.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми