1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поезијата на Ацо Шопов преточена во движење

02:43

This browser does not support the video element.

Ана Арсеновска-Зафирова
20 декември 2023

Зборовите на Ацо Шопов вечерва ќе добијат телесна форма во спектаклот насловен „Молитви на моето тело“ во Националната опера и балет. Денеска, 20 декември, се одбележуваат 100 години од раѓањето на големиот поет и еден од основоположниците на современата македонска поезија, Ацо Шопов.

Финални подготовки за балетскиот триптих „Молитви на моето тело“, кој го заокружува чествувањето на 100 години од раѓањето на Ацо Шопов. Идеен творец на мултимедијалниот проект е костимографот Александар Ношпал. Поезијата не ретко се користи во балетските кругови како повод да се направат големи авторски дела. 

„Големо задоволство и голема чест да се одбележи 100 годишнината од раѓањето на еден таков голем уметник, еден од доајените на нашата литература, нашата поезија, особено со овој циклус кој што за мене претставува еден од најпрекрасните, најеротичните, најтемниот но и најсветлиот љубовен циклус“, вели Ношпал. 

Балетот е развиван на трите дела од циклусот Раѓање, Преплетување, Вознесување. 

Има три авторски пара: кореограф и композитор. Ивана Коцевска и Дарија Андовска, Андријана Давчевска и Александар Гроздановски, Саша Ефтимова и Александар Пејовски. Драматург е Соња Здравкова-Џепароска. 

Ивана Коцевска, еден од кореографите на претставатаФотографија: DW

„За мене е од големо значење затоа што ми даде голем предизвик за да функционирам и работам по драматургија која што не е моја, да се стави акцент на дело на автор кој што е многу значаен за нашата култура и да се преточи сето тоа во кинестетички вокабулар, во едно движење каде што ќе се добие материјализирање на тие зборови во една телесна форма, секако е голем предизвик“, вели Ивана Коцевска. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми