1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиГрција

Родос гори, илјадници луѓе се евакуираат

00:41

This browser does not support the video element.

БГ /АФП
24 јули 2023

Десетици илјади луѓе се евакуирани од Родос и Крф поради големите пожари кои ги зафатија грчките острови. Ситуацијата и натаму е критична

Во ноќта од неделата кон понеделникот од Крф биле евакуирани околу 2.500 туристи и локално население. На Родос, за време на викендот, околу 30 илјади мораа да побараат спас од огнената стихија која веќе седум дена беснее на островот. Полицијата соопшти дека транспортирала 16 илјади луѓе по земјен пат, и евакуирала уште 3.000 преку море. Останатите морале да пешачат или да го користат сопствениот превоз за да избегаат од огнената стихија.  

Илјадници луѓе се евакуирани во спортски сали и училиштаФотографија: Argyris Mantikos/Eurokinissi/AP/picture alliance

Голем број туристи и локално население мораа ноќта да ја минат во сали, училишта и конференциски хотелски центри во северниот дел на островот. На аеродромот во Родос, илјадници луѓе се обидуваат да го напуштат островот, а голем дел од нив спиеја на подот.

Повеќе туристички компании го прекинаа превозот на патници до Родос, и се обидуваат да ги извлечат оние кои останале на островот.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми