1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПанорамаСоединети Американски Држави

САД кријат докази за НЛО, тврдат американски воени ветерани

00:36

This browser does not support the video element.

БГ
27 јули 2023

Американските власти со децении кријат податоци за постоење на неидентификувани летечки објекти (НЛО), како и на „нечовечки“ суштества, тврди поранешен американски разузнувач. Своите сознанија ги соопшти пред Конгресот.

Не сме сами, а американските власти ги прикриваат доказите, сведочеа поранешни американски воени пилоти и разузнувачи пред комитет на Конгресот во средата. 

Пензионираниот воен пилот Рајан Грејвс тврдеше дека самиот забележал НЛО за време на лет во Вирџинија во 2014 година. Тој апелираше до властите да се соочат со проблемот. 

„Доколку НЛО се странски дронови, тогаш тоа е итен национален безбедносен проблем. Доколку е нешто друго, тогаш е прашање за науката. Но во секој случај, неидентификуваните објекти се закана за безбедноста на летањето“, рече Грејвс. 

Податоци од 1930 години 

Дејвид Груш сведочеше дека „апсолутно“ верува оти владата поседува неидентификувани летечки објекти (НЛО), како и остатоци од нивните не-човечки оператори. Според него, САД имаат податоци за вонземјани од 1930-те години. 

Груш е пензиониран мајор кој бил дел од Агенцијата на САД која управува со шпионските сателити.  

„Донесов одлука, врз основа на податоците кои ги собрав, да ги пријавам овие информации пред моите претпоставени и пред повеќе истражували, и со тоа да станам свиркач“, рече Груш. Тој тврдеше дека владата крие информации за НЛО не само од јавноста, туку и од Конгресот, и дека лично разговарал со луѓе кои знаеле за нивното постоење.

„Моето сведочење се базира на информации кои ги добивав од поединци со долго досие на легитимност и служба за земјата, од кои многумина споделија несобориви докази во форма на фотографии, официјални документи и заштитени вербални сведоштва“, рече Груш. Американското министерство за одбрана ги демантираше тврдењата на Груш.

Груш тврдеше дека откако станал свиркач се соочил со бројни проблеми, но одби да соопшти детали.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми