1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Виолини „Мејд ин БиХ“

02:06

This browser does not support the video element.

18 септември 2023

Менсур Авдиќ е еден од ретките градители на виолини во Босна и Херцеговина. Ова е неговата приказна. #dw_BalkanBooster

Менсур Авдиќ го живее својот сон од детството. Тој го има преземено ателјето на својот татко и е еден од ретките градители на виолини во Босна и Херцеговина. Денес гордо зборува за својата професија:

„По создавањето на една виолина секогаш постои посебно чувство кое не можам да го опишам, бидејќи таа сепак е создадена од љубов и со макотрпна работа по два-три месеци поминати во оваа мала просторија, во која обожавам да престојувам и мора да признаам дека навистина ме инспирира секој момент и час престој во ова мое ателје.“

Секој дел од виолината е изработен рачно и дури и минимална грешка може да влијае на квалитетот на звукот. Виолините на Менсур од босански јавор, вели, денес се слушаат во Австрија, Кина, Италија, но и во далечната Австралија. Овој самоук мајстор со својата упорност си ги исполни детските желби, но не сака да го чува знаењето само за себе

„Со задоволство би донирал дел од моето време да ги подучам младите како да се занимаваат со ова, за тоа некако да заживее кај нас, како што живее во Италија и други земји, за да бидеме и ние препознатливи по тоа. Кога веќе го имаме најдоброто дрво на светот што го купуваат сите за изработка на виолини, зошто овде да нема и други градители, вели Менсур Авдиќ, сопственик на ателјето „Авдиќ виолини“.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми