Визе бара да се изврши притисок врз Србија
3 ноември 2022„Како земја која сака да стане членка на Европска Унија, Србија не може да биде вклучена во наводна дестабилизација од трети страни“, изјави Дирк Визе од германската владејачка СПД за Ројтерс.
Изјавата на Визе доаѓа по обвинувањата дека Србија пушта луѓе од азиските земји, кои потоа продолжуваат натаму во Шенгенската зона. Во Германија со недели се зголемува бројот на бегалци. Со обвинувања за поттикнување миграциски движења е соочена и Русија.
Бегалците не смеат да станат топка во нечии раце, предупредува Визе: „И, не смее да постои ниту трошка сомнеж дека посебната блискост на Србија со Русија е фактор на влијание по тоа прашање. Србија мора јасно да сигнализира дека сака да чекори по европскиот пат и дека својата иднина ја гледа во Европа“, оценува Визе пред почетокот на денешниот самит за Западен Балкан во Берлин, на кој учествуваат претставници на шесте држави од Западен Балкан и на влади од земји членки на ЕУ, како и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел.