1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово: Конечно без визи во ЕУ

АРД
1 јануари 2024

Граѓаните на Косово по долго време визен режим, конечно можат без визи да патуваат во државите од ЕУ.

Kosovaren in Sorge über Trump-Präsidentschaft
Фотографија: DW/M. Nazar

Косовците чекаа долго на овој чекор. Европската комисија пред повеќе од седум години предложи лицата од Косово да патуваат без визи во ЕУ,односно да може да престојуваат со свој пасош во сите држави членки на ЕУ максимално 90 дена. Но, процесот се одолговлекуваше со нови пречки, нови услови и задршки од поединечни земји кои уште го немаа признаено Косово како независна држава.

Клисман Кадиу, сега може да здивне со олеснување. Тој во косовската влада е задолжен сето тоа сега да функционира како што треба. Кадиу вели: „Тоа беше долг пат, тежок пат за сите граѓани на Косово конечно да дојдеме до безвизен режим – во последно време тоа често го очекувавме“.

По првичниот позитивен сигнал од Комисијата, беа поставени речиси 100 дополнителни услови, а не секој од нив беше директно поврзан со визната либерализација. Косово ги исполни еден по еден и со тоа ги надмина блокадите и на поединечните членки.  Европскиот парламент ја изгласа одлуката, потоа Косово мораше „само“ уште да биде протнато во „Етиас“, односно електронскиот Европски систем со информации за патници. Од таму Косово конечно ја доби либерализацијата дури на први јануари 2024, последниот од сите можни наведени термини.

Два до три месеца чекање виза

Европа со тоа значително се доближи и до оваа западнобалканска држава, вели Дритон Селмани, уметник од земјата. Тој и досега има многу патувано низ Европа, но секогаш под отежнати услови – со „каунтдаун“, вели, сѐ додека не му била одобрена виза. „Европа“, констатира радосно и по малку цинички, „сега ќе биде, технички кажано, таму каде што ѝ е местото: оддалечена два или три часа и тоа засекогаш, а не два или три месеца“.

Тоа беше вообичаеното време на чекање за виза за некоја од земјите на ЕУ, за која секој пат отпаѓаа давачки од околу 170 евра – многу пари, ако се земе предвид дека просечните примања во Косово се нешто над 480 евра. Селмани оценува дека ова сега е вистинска шанса не само за Косовците, туку и за земјите од ЕУ, бидејќи Косово има млада популација и многу програмери и ИТ-експерти.

Граѓаните на Косово конечно смеат без виза да патуваат во земјите од ЕУФотографија: Vjosa Cerkini

Страв од одлив на млади мозоци

Поголемата слобода за патување многумина веројатно ќе ја искористат и за да најдат работа во Европа – иако тоа не е замислата на визната либерализација. Но,така ќе биде во пракса, вели нашетаниот уметник Селмани и посочува на ризиците за Косово. „Земјата ќе страда од отселувањето на млади луѓе. Владата мора да биде алармирана и да знае што треба да преземе против тоа“, заклучува тој.

Владата јасно посочува дека слободата за патување е само тоа и ништо друго и дека со неа не е поврзана дозвола за работа која и натаму мора да се бара во германската амбасада, на пример. Бројот на работни визи издадени од Германија во изминатата година се удвои – повеќе од половината засегнати лица работат на градилишта.

„Сега може самите да стекнат претстава“

Да посредува за наоѓање работна сила по потреба за земјите од ЕУ е полето на дејност на Петрит Садриу, директор на една консултантска куќа. Тие помагаат и за добивање на работна виза, како и при постапката за признавање на косовските свидетелства. Поголема слобода за патување? Со насмевка вели дека се радува за неговите сограѓани, кои сега без проблем може да отпатуваат во Германија и самите да стекнат претстава дали земјата навистина е рајот за кој им раскажуваат тетките и чичковците кои живеат таму кога доаѓаат со „фалбаџиските“ возила на летен одмор.

Садриу знае што зборува и тоа дека мора мачно да работат, да станат во шест часот, да се возат по еден час со воз до работа и да се приберат дури во седум вечерта, но тоа „чичкото не им го раскажува“. Затоа ќе биде интересно што ќе се случува сега, вели Садриу, кој проценува дека две третини од оние кои ќе ја користат слободата за патување за тие цели ќе си се вратат во Косово.

Патувањето на еден Босанец на Косово

02:14

This browser does not support the video element.

Програмери наместо војници

Косово е една од – статистички погледнато – најсиромашните држави во Европа, во која економскиот бум сепак полека станува видлив, особено околу главниот град Приштина, во кој насекаде се гради. Оној кој вози такси, по правило вози нов електричен автомобил од концернот Фолксваген. Се инвестира. Напуштена касарна на КФОР во Призрен сега е пополнета со ИТ-компании – програмери наместо војници.

Доријан Морина е еден од тие млади глави кои сѐ уште не завршиле со студиите, кои ги финансира работејќи како келнер. Тој раскажува дека многу од неговите колеги студенти и натаму сакаат да го напуштат Косово, но и дека многумина имаат нереални очекувања за своите шанси да успеат на пример во Германија. Подобро би им било да останат овде, вели тој и додава дека младите сега се „единствената гаранција дека нештата ќе се сменат на подобро“.

Токму тие млади од денеска (1.01.2024) може да патуваат слободно во Европа – и самите да стекнат слика за состојбата.

Побрзо до работа со познавање германски јазик

02:31

This browser does not support the video element.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми