1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Возачките дозволи и патните листови ќе бидат бесплатни

ДТЗ
13 февруари 2024

Во државите каде нема дипломатско конзуларни претставништва издавањето на патните листови ќе биде он-лајн и со достава преку пошта.

Влада Република Северна Македонија
Владата на Република Северна МакедонијаФотографија: Petr Stojanovski/DW

Замената на возачките и сообраќајните дозволи, како и патните листови за граѓаните во странство ќе бидат бесплатни. Ваквата одлука донесе македонската Влада, по бројните реакции на граѓаните кои бараа замената на документите со новото име - Северна Македонија да биде на трошок на државата. 

Одлуките на прес-конференција ги соопштија вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев. Па така, замената на возачките и сообраќајните дозволи поради промената на уставното име од среда (14.02) ќе се врши бесплатно, а без надомест ќе бидат издавани и патните листови на нашите државјани во странство, а треба да се вратат поради промена на личните документи. Во државите каде нема дипломатско конзуларни претставништва издавањето на патните листови ќе биде он-лајн и со достава преку пошта. Најавена е и награда со исплата на една  плата за вработените во управните служби за ангажманот при издавањето документи. 

Задачи за МВР и МНР 

„МНР треба да преземе активности издавањето на патните листови за сите граѓани коишто живеат надвор од територијата на Северна Македонија кои имаат потреба да се вратат за да извадат патни исправи надоместот за патните листови да биде нула или ќе биде без надомест за нив. Дополнително, МНР исто така се задолжи да преземе активности соодветно издавањето на патните листови во државите каде што нема ДКП-а да биде направено онлајн и да бидат испратени по пошта за да нашите граѓани кои живеат надвор од територијата немаат дополнителни трошоци за да го добијат патниот лист“, рече Битиќи.

Бојмацалиев најави дека од утре на товар на МВР ќе се врши промена на возачките и сообраќајните дозволи со старото уставно име. Одлуките на Владата се донесени по решенијата што ги донела работната група која пред две недели доби задача да најде решение за сообраќајните и возачките дозволи, патните листови и се што е поврзано околу менувањето или предвременото менување на документи заради законските одредби по уставните измени и промената на името на државата

Иницијативата за замената на возачките и сообраќајните дозволи да е на товар на државата  ја предложија министрите на СДСМ.  

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми