1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мерки и препораки за штедење на струја

ДТЗ
16 август 2022

Граѓаните добија препораки, а државните институции конкретни задолженија како да заштедат. За оние кои нема да ги почитуваат владините насоки ќе следат казни. Целта е да се намали потрошувачката за 15 отсто.

Струјомер Електрична енергија
Владата во пресрет на зимата донесе сет на препораки и задолженија за штедење на електрична и топлинска енергијаФотографија: picture-alliance/dpa/J. Woitas

Владата, на предлог на Министерството за економија, во пресрет на зимата донесесет на препораки и задолженија за штедење на електрична и топлинска енергија. Целта е да се намали потрошувачката на електрична енергија за 15 отсто споредено со истиот месец минатата година. Ако не се почитуваат мерките следат казни. Тие ќе бидат на сила од 1 септември до 31 март 2023 година.  

„Прогнозите се дека ќе имамеедна од најтешките зими на енергетски план во Европа. Со цел полесно да се справиме, за да имаме непречено снабдување со електрична енергија и пониски сметки за струја, Министерството за економија подготви план за заштеда на струја за безбедна зима“, вели министерот за економија Крешник Бектеши. Со мерки се опфатени и граѓаните, но и компаниите и државните и јавни институции. 

Сет на препораки и задолженија

Мерките кои ги усвои Владата се поделени во повеќе категории во однос на тоа дали станува збор за поединци, компании или објекти во сопственост на државата. За домаќинствата и компаниите има само препораки, додека за институциите се предвидени конкретни задолженија. Целта е да постигне намалување на потрошувачката електрична енергија за 15 отсто споредено со истиот месец минатата година. Ако не се постигне ова ќе следат санкции за раководителите на институции кои ќе добијат задолжение да ја следат примената на овие мерки. 

„Сите државни и јавни институции - министерствата, агенциите, органите на државната управа, треба да го исклучат декоративното осветлување на фасадите, да ја користат дневната светлина, клима уредите за ладење да не се користат на температура пониска од  27 степени, а за греење не повеќе од 20 степени“, вели Бектеши.

Исто така треба да се исклучуваат светлата кога ќе се напушти просторијата, да се исклучуваат компјутерите по работата, да се заменат старите сијалици со нови штедливи и јавните претпријатија да инсталираат колекторски систем за затоплување на вода.  дел од препораките се однесуваат и за јавното осветлување - ќе треба да се намали осветлувањето на патиштата, а до ЗЕЛС се апелира за ваквите мерки да бидат информирани општините и да започнат со нивна примена. 

Според Бектеши, ќе биде поставени раководители кои секој месец ќе имаат задолжение да поднесуваат извештај за потрошувачката на струја, но и споредба со истиот месец минатата година. 

 

 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми