1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Владата ќе набавува од 100 до 120 електрични автобуси

ДТЗ
25 ноември 2024

Владата со електрични автобуси ќе го спасува и јавниот превоз и воздухот во главниот град. Тендерот за стотина нови автобуси ќе се распише до крајот на годината

електрични автобуси
Владата ќе набавува од 100 до 120 електрични автобуси - најголемиот дел се за СкопјеФотографија: Kay Nietfeld/dpa/picture alliance

Државата со набавка на електрични автобуси ќе го решава проблемот со јавниот превоз во главниот град, но и ќе се бори против енормното загадување. Премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, најавија дела Владата ќе купи 120 електрични автобуси кои ќе бидат доделени како донација на јавниот транспорт по општините, посебно во урбаните средини. 

Исто така, според Меџити, во вторник (26.11) ќе бидат донирани шест електрични автобуси на Град Скопје односно на ЈСП, коишто изминатиот период се соочуваат и со финансиски долгови и со недостиг на нафта, поради што автобусите привремено останаа во гаража.

Електричните автобуси за јавниот градски превоз ќе се набавуваат на тендер кој се очекува да се распише до крајот на годината.Фотографија: Arbnora Memeti & Emilija Petreska/DW

Тендер до крајот на годината 

Електричните автобуси за јавниот градски превоз ќе се набавуваат на тендер кој се очекува да се распише до крајот на годината. Надлежните ги утврдуваат условите, се подготвува техничката документација и се скенира пазарот.

„Условите на плаќање ќе бидат такви да почнеме да ги отплаќаме некаде во првата половина од 2028 година на осум полугодишни рати“, информираше премиерот при посетата на Општина Кисела Вода. Тој смета дека набавката на автобусите ќе придонесе за намалување на аерозагадувањето и ќе го подобри имиџот на државата.

„Ќе се набават меѓу 100 и 120 автобуси,  од кои  најголем дел ќе завршат во Скопје, но и другите општини ширум државава кои имаат организиран јавен градски превоз, изјави Мицкоски.

За нив ќе бидат обезбедени и педесетина полначи. Времетраењето на полнењето ќе биде околу два и пол часа што ќе биде доволно за 350 и 400 километри да сообраќајат на дневно ниво.

Во меѓувреме Градот Скопје ќе треба да најде подолгорочно решение за набавка на нафта за автобусите на ЈСП, кои минатата недела не сообраќаа два дена, што предизвика хаос во главниот град. 

„Процедурата уште денеска би требало да започне затоа што 250.000 тони ќе бидат доволни за десет дена до две недели. Сепак Градот Скопје ќе треба трајно да го реши проблемот“, рече Мицкоски.  

Според вицепремиерот Изет Меџити, главниот фактор за загадувањето во градот е урбаниот транспорт.  

Струмица воведува електричен јавен превоз

02:45

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми