1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Минималецот рипна над 20 илјади денари

ДТЗ
13 март 2023

Согласно со Законот за административни службеници ќе се изврши усогласување и на платите на 27.000 службеници.

денари
Минималецот рипна над 20 илјади денари Фотографија: DW/E. Milosevska Fidanoska

Минималната плата од 18.000 денари од следниот месец ќе рипне на 20.175 денари.  Зголемување на минималната плата во Македонија за 2.175 денари е договорено на денешниот состанок на Економско социјалниот совет во Владата. 

Со тоа граѓаните ќе добијат за 2.175 денари повисока минимална плата веќе со мартовската исплата на плати. Премиерот Димитар Ковачевски вели дека согласно со Законот за административни службеници, ќе се изврши усогласување и на платите на 27.000 службеници. 

„Како што ветивме, од април минималната плата ќе биде повисока за 2.175 денари и ќе изнесува 20.175 денари. Тоа значи дека над 12 проценти имаме зголемување на основната, минимална плата, изјави Ковачевски по седницата на Економско-социјалниот совет.

Зголемувањето на минималната плата е направено согласно новата методологија за усогласување донесена во 2022 година по преговорите меѓу Владата, синдикатите и работодавачите. Согласно новата методологија, минималната плата се усогласува со 50 отсто од трошоците за живот и 50 отсто со растот на просечната плата. 

„Минималната плата во 2023 година пораснува за 12,55 проценти. Ова значи дека во државата со исплатата на мартовската плата, нема да има пониска плата од 20.175 денари“, изјави министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска. 

Усогласување на платите

Сојузот на синдикати на Македонија ги повикаа работодавачите да ги усогласат останатите плати со висината на минималната плата. „Сакаме да ги повикаме работодавачите и во приватниот и во јавниот сектор да најдат сили и начин да ги усогласат платите и на останатите вработени за да не дојде до ситуација каде нема да имаме силно мотивирани работници, туку ќе имаме работници коиќе се споредуваат едни со други за тоа колку плата земаат“, порача Златко Цветковски од ССМ.

Од Организацијата на работодавачите на Македонија велат дека поддржуваат системски решенија и дека секогаш се за тоа да се мотивираат и наградуваат добрите работници. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми