1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Димитриеска Кочоска: Наследивме катастрофална состојба

БГ
17 јули 2024

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска вели дека наследила катастрофална состојба во државата. Наместо планираните 3,4%, БПД годинава ќе порасне за 2,1%, со инфлација од 3,5%.

Македонија Гордана Димитриеска Кочоска
Министерката на финансии Гордана Димитриеска КочоскаФотографија: Regierung Nordmazedonien

Хаос и долгови, и економија која е во клиничка смрт со буџетска дупка од 500 милиони евра. Вака министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска ја опиша состојбата во државата на прес-конференција на која ги презентираше ребалансот на буџетот и мерките за санирање на состојбата.

„Затекнуваме состојба која значи држава во хаос и долгови. Буџет кој е список на желби, место креиран развој. Предимензионирани плаќања. Економијата е во клиничка смрт“, рече министерката. Според Димитриеска Кочоска, првично проектираниот раст на БДП од 3,4% е неостварлив, инфлацијата е предвидена на ниво од 3,5% додека пак растот на нето платите е предвиден на 13%.

Министерката како „фрапантен“ го оцени падот од над 21 отсто на извозот на стоки во надворешно трговската размена за мај годинава. Во првиот квартал од годинава, паднале индустрискиот сектор (1,2 проценти), градежната активност (2,5 проценти), а забележан е и двоцифрен пад на земјоделскиот сектор од 19,7 проценти. Поради сето тоа, домашната економија годинава ќе забележи раст од 2,1 процент, наспроти првично планираните 3,4 проценти.

Од 2024 до 2028, државата само по основа на камати треба да исплати 1,8 милијарди евра.

Со ребалансот се обезбедени 4,1 милијарда денари за плати од кои 1,1 милијарда за блок дотации кои не биле планирани во основниот буџет. Во дел од институциите, како што рече Димитриеска Кочоска, имало предвидени плати само до јуни. Дополнително, обезбедени се пет милијарди денари за исплата на пензиите. 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми