1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово: Курти победи, но кризата може да се одолговлекува

ЕМФ / ртр
8 јуни 2026

Партијата Самоопределување на Албин Курти победи на парламентарните избори во Косово со 43%, но политичката криза продолжува, со неизвесно формирање влада и потреба од компромис за избор на претседател.

Косово 2026 | Претседателски избори | Актуелен премиер Албин Курти
Политичката криза продолжува: Албин Курти на гласањеФотографија: Press office of Kosovo Prime Minister

Партијата Самоопределување на премиерот Албин Курти победи на парламентарните избори во Косово. По пребројувањето на 99,4 проценти од гласовите, партијата, според официјалните податоци од вчеравечер (7.06), освои 43 проценти. Сепак, неизвесно е дали тоа значи и крај на политичка криза во земјата. Самоопределување и понатаму ќе зависи од коалициски партнери за да формира нова влада. Освен тоа, потребен е компромис со опозицијата за да се обезбеди двотретинско мнозинство неопходно за избор на нов претседател.

На второ место според освоените гласови на овие избори е Демократската партија на Косово со 21 процент, а на трето Демократската лига на Косово со 18 проценти. Излезноста, според изборната комисија, падна на речиси 37 проценти, во споредба со 45 проценти во декември.

Ова се трети парламентарни избори во земјата во рок од 18 месеци. На претходното гласање во декември, Самоопределување освои 51,1 процент од гласовите, а на изворите во февруари 2025 година - 42%. Во април парламентот беше распуштен, откако партиите не успеаја да се договорат за кандидат за претседател, функција која во Косово е претежно репрезентативна.

Косово речиси една година нема целосно функционална влада. ЕУ повеќепати ги повика политичарите во земјата да создадат стабилни институции. Со тоа треба да се спроведат реформите неопходни за ЕУ-членство. Постојаните предвремени избори ги одложија овие реформи, како и исплатата на средства од фондовите на ЕУ.

Во Косово право на глас имаат околу 2,1 милион луѓе. Тоа е повеќе од 1,6 милиони жители на земјата, што се должи на големата дијаспора. Таа претежно живее во Западна Европа и има тенденција да ја поддржува партијата на Курти, која води главно национално ориентирана и социјално насочена политика.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми