1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаФранција

Макрон сака да назначи нов премиер во рок од 48

ЖА / агенции
9 октомври 2025

Во моментов нема знаци за нови избори во Франција. Премиерот во оставка Лекорну гледа шанса за компромис за буџетот.

Маж во сив костум му шепнува на уво нешто на друг маж до него - премиерот Себастијан Лекорну и претседателот на Франција, Емануел Макрон
Премиерот Себастијан Лекорну го известил претседателот Емануел Макрон дека има шанса за излез од политичката криза во ФранцијаФотографија: Ludovic Marin/AFP/Getty Images

Ситуацијата во владината криза во Франција засега се смирува. Елисејската палата објави дека претседателот  Емануел Макрон  ќе назначи нов премиер во рок од 48 часа.

Премиерот во оставка Себастијан Лекорну претходно за француската телевизиска станица Франс 2 изјави дека  распуштањето на Националното собрание  во моментов е малку веројатно. По разговорите со претставници на други партии, тој му ја соопштил оваа проценка на претседателот Емануел Макрон истата вечер.

Лекорну поднесе оставка  во понеделникот само неколку часа по претставувањето на својот кабинет. Самиот Макрон мора да одлучи од кој табор ќе дојде идниот премиер и како ќе биде составена идната влада,  изјави Лекорну. Постои многу релативно мнозинство од неколку политички групи, вклучително и левичарската опозиција, кои сакаат да се договорат за буџетот и стабилноста, но тие поставуваат услови. „Значи, можам да ви кажам дека чувствувам дека сè уште постои излез."

Лакорну ги отфрли шпекулациите дека би прифатил да остане премиер  ако претседателот го замоли за тоа: „Мојата мисија вечерва е завршена“, истакна тој.

Најлошата политичка криза во  Франција во последните децении е предизвикана од дебатата за неопходните мерки за штедење во светлината на заслабените јавни финансии на земјата. Долгот на Франција моментално изнесува околу 115 проценти од нејзиниот бруто домашен производ, а последно има дефицит од 5,8 проценти.

Буџетот за следната година треба да се дебатира во Националното собрание до средината на октомври, но досега не е постигнат компромис. Тројца од претходниците на Лекорну заминаа од функцијата во текот на дебатите за буџетот.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми