1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаФранција

Франција: Премиерот Лекорну неочекувано поднесе оставка

СН/агенции
6 октомври 2025

Претседателот Макрон го назначи дури на почетокот на септември - сега францускиот премиер Лекорну поднесе оставка. Неговиот список на членови на кабинетот предизвика контроверзии. Макрон сега се соочува со тешка одлука.

Досегашниот француски премиер Себастијан Лекорну во темно син костум, светло сина кошула и сина вратоврска со посветли точки држи папки во раката
Изненадувачка оставка: досегашниот француски премиер Себастијан ЛекорнуФотографија: Gao Jing/Xinhua/picture alliance

Само неколку часа по претставувањето на својот кабинет, францускиот премиер Себастијан Лекорну изненадувачки поднесе оставка. Претседателот Емануел Макрон ја прифати неговата оставка, објави претседателскиот кабинет. Макрон го назначи Лекорну дури на 9 септември. Тој беше петтиот шеф на владата од реизборот на Макрон во мај 2022 година. Пред оставката, неколку опозициски партии повторно се заканија дека ќе ја соборат владата. Тие остро го критикуваа во голема мерка непроменетиот владин тим, кој Лекорну го претстави вчера. Лекорну беше критикуван и во рамките на владата. Бруно Рејто, новопотврдениот министер за внатрешни работи и лидер на партијата Републиканци, го изрази своето незадоволство и најави итен состанок на својата партија. Уште пред почетокот на оваа седница, премиерот, кој доаѓа од претседателскиот табор, поднесе оставка.

И неговиот претходник не остана долго на функцијата

Претходникот на Лекорну, Франсоа Бајру, исто така беше на функцијата само кратко време - ја водеше владата девет месеци. Потоа беше сменет од функцијата откако не му беше изгласана доверба во парламентот. Бајру се залагаше за програма за штедење за да се стави националниот долг под контрола. Ова доведе до масовни протести. Со оглед на нејзината презадолженост, Франција се соочува со огромни намалувања на јавните трошоци следната година. Со околу 3,3 трилиони евра, земјата има највисок долг во Европската Унија.

Барање за нови избори

По оставката на Лекорну, лидерот на крајно десничарското Национално собрание, Џордан Бардела, повика на итни нови избори. Макрон претходно ја отфрли ваквата можност. Сега е принуден да бара нов премиер по третпат годинава. Сепак, тој може да се предомисли, да го распушти парламентот и да распише нови избори.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми