1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Украина: Оставка поднесе и шефот на дипломатијата Кулеба

СН/агенции
4 септември 2024

На Украина и претстои голема владина реконструкција. Повеќе членови на владата поднесоа оставки - последен меѓу нив и министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба. Над половина ресори треба да добијат нови министри.

Дмитро Кулеба стана добро позната личност на меѓународната сцена откако Русија ја започна својата агресорска војна против Украина.
Дмитро Кулеба стана добро позната личност на меѓународната сцена откако Русија ја започна својата агресорска војна против Украина.Фотографија: Ukrinform/dpa/picture alliance

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска поднесе оставка. Со тоа тој стана четвртти владин министер кој поднесе оставка во последните два дена. Кулеба стана добро позната личност на меѓународната сцена откако Русија ја започна својата агресорска војна против Украина.

Оставката на Кулеба ја соопшти претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук, кој рече дека оставката на Кулеба ќе биде „разгледана на една од наредните пленарни седници“, но не прецизираше датум.

Стефанчук ден претходно изјави дека оставки поднеле и вицепремиерката за европски и евроатлански интеграции Олга Стефанишина и вицепремиерката за реинтеграција на привремено окупираните територии Ирина Верешчук.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека ќе има промени во владата во обид да ја зајакне и да се постигнат целите кои неопходно ѝ се потребни на оваа земја.

„Поради тоа, ќе има низа кадровски промени во Кабинетот на министри и во Кабинетот на претседателот“, рече Зеленски во вторникот, навестувајќи дека промените ќе следат наесен. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео обраќање ги најави промените во владатаФотографија: president.gov.ua/en

Министерот за стратешка индустрија Олександар Камишин, министерката за правда Денис Малиуска и министерот за животна средина и природни ресурси Руслан Стрилтс, исто така, поднесоа оставки претходно истиот ден.

Камишин, кој го надгледува домашното производство на оружје, рече дека ќе продолжи да работи во одбранбениот сектор, но во различен капацитет.

На Украина ѝ е потребна поголема интеракција меѓу централната влада и заедниците, особено за време на подготовките за зимската сезона, објасни Зеленски.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми