1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиАзербејџан

Власта во Нагорно-Карабах најави распуштање на републиката

ЖА
28 септември 2023

По поразот на проерменските сили против Азербејџан, властите во Нагорно Карабах најавија распуштање на самопрогласената република. Ерменскиот премиер Пашинјан: од наредните денови, нема да има Ерменци во Нагорно-Карабах

Ерменците го напуштаат Нагорно-Карабах
Ерменците го напуштаат Нагорно-КарабахФотографија: IRAKLI GEDENIDZE/REUTERS

Во декретот објавен во четвртокот, Владата на меѓународно непризнатата Република Нагорно-Карабах нареди да се распуштат „сите државни институции и организации“ во регионот на Кавказ почнувајќи од 1 јануари 2024 година. На овој начин, Нагорно-Карабах „ќе престане да постои“, објавија ерменските медиуми, повикувајќи се на изјава на премиерот Самвел Шахраманијан, кој го потпишал документот.

Нагорно-Карабах му припаѓа на Азербејџан според меѓународното право, но областа е претежно населена со Ерменци. Азербејџан и Ерменија со години водат борби за регионот.

На 19 септември,  Азербејџан во Нагорно-Карабах започна голема воена офанзива.  Само еден ден подоцна, проерменските борци во Нагорно-Карабах мораа да го признаат поразот. Десетици илјади луѓе  го напуштија регионот.

Владата во Ереван во четвртокот објави дека 65.000 луѓе, повеќе од половина од населението на Нагорно-Карабах,-  веќе побегнале во Ерменија.  Во Нагорно-Карабах од наредните денови нема веќе да има Ерменци, изјавил ерменскиот премиер Никол Пашинјан во четвртокот, според руската новинска агенција Интерфакс.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми