1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Предвремени избори како мегдан за партиски препукувања

24 октомври 2025

Премиерот Христијан Мицкоски упати закана до опозицијата за предвремени избори: „Внимавајте што зборувате и што посакувате - може и да ви се оствари“. Од ВМРО-ДПМНЕ „го храбрат“ СДСМ да поднесе барање во парламентот.

Избори во Македонија
Предвремени избори како мегдан за партиски препукувањаФотографија: Petr Stojanovski/DW

Темата за одржување на предвремени избори, останува и понатаму актуелна во екот на кампањата за локалните избори во земјата. По првиот круг, каде убедлива победа во повеќето општини извојува владејачката коалиција, премиерот Христијан Мицкоскипорача дека нема да има предвремени парламентарни избори и дека на опозицијата ќе ѝ остави време да се консолидира и да размисли дали ќе се осмели да оди на предвремени избори.

„Да бидам директен - јас не ги посакувам и сметам дека се непотребни и дека е време за резултати и голема офанзива на секој план. Но, нивната весела математика и оваа упорност со надмудрување и создавање на вештачки теми и блефови треба да добие соодветен одговор. Затоа нека внимаваат што зборуваат и што посакуваат - може и да им се оствари“, порача Мицкоски на прославата по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. 

„Нека внимаваат што зборуваат и што посакуваат - може и да им се оствари“, им порача Мицкоски на СДСМ, во однос на барањето за предвремени парламентарни избориФотографија: Petr Stojanovski/DW

Фрлена ракавица

Ден потоа, владејачката партија повторно им фрли ракавица на опозициските партии. 

„Ако се толку сигурни во тоа дека со намалување на бројот на советници и гласови и паѓање на најниското историско ниво на таа партија, а на чекор пред тотален распад кој, вака ако продолжат, е неминовен, сепак нека се охрабрат и нека поднесат барање за предвремени избори во парламентот, и ќе видиме каков епилог ќе има тоа“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ваквите препукувања следат откако двете партии по изборите излегоа со математики околу тоа кој колку изгубил или добил на изборите. СДСМ смета во ВМРО-ДПМНЕ е во паника, бидејќи партијата е на пат да освои повеќе општини на овие избори отколку што ВМРО-ДПМНЕ успеала да освои на локалните избори во 2017 година. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, им порачаа дека „живеат во паралелен универзум на халуцинации“. 

СДСМ смета во ВМРО-ДПМНЕ е во паника, бидејќи партијата е на пат да освои повеќе општини на овие избори отколку што ВМРО-ДПМНЕ успеала да освои на локалните избори во 2017 годинаФотографија: Petr Stojanovski/DW

Барање алиби 

Мицкоски е дециден дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имале јасна и чиста победа.

„Нема пресметка во која тие би победиле на каков било начин. Тоа покажува дека сè уште не научиле ниту една лекција, што во извесна мера е и потценување на сопствениот народ и гласачи. И сето тоа во извесна мера е и обид да создаде алиби за својот дебакл. Да го задржат лидерството од бранот незадоволство на членовите на таа партија“, оцени тој. 

Според Мицкоски, последните избори испратиле порака и до нивниот коалициски партнер – ДУИ.

„Тие добија порака од народот и Албанците дека доста беше политиканство и злоупотреба на етничките теми за лични интереси и богатење. И овој резултат се случи затоа што тие не разбраа дека додека се занимаваат со орли, јастреби и зајци, народот е уморен од чекање за подобар живот- живот што граѓаните 20 години не го добија со таа политичка партија).

Во однос на нивното барање за предвремени парламентарни избори, Мицкоски вели дека „ДУИ се надеваат на тоа за да се спречи падот што евидентно го имаат, а таа удолница што ја фатија е поголема од онаа што се оди од Стража кон Зајас“.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми