1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Партиите во клинч-Има ли план за дестабилизација на земјата?

ДТЗ
6 август 2024

Најавите за постоење на опасност од план за дестабилизација на земјата наесен ја разбрануваа политичката цена. Темата ја наметна деновиве премиерот Христијан Мицкоски.

ДУИ, Мала Речица
Партиите меѓусебно се обвинуваат: има ли план за дестабилизација на земјата и кој стои зад него?Фотографија: DW/S. Toevski

Најавите за постоење на опасност од план за дестабилизација на земјата наесен ја разбрануваа политичката сцена. Темата ја наметна деновиве премиерот Христијан Мицкоски кој во интервју за „Фокус“ викендов рече дека „ДУИ ја загрозува интеретничката слика во државата и претставува закана по мирот и стабилноста на Македонија како држава“. 

Повикувајќи се на информации добиени од повеќе канали, тој на прес-конференција во Владата во понеделникот (05.08) рече дека раководството на ДУИ, во обид да го заштити капиталот што го создавале во изминатите дваесетина години, ќе преземело чекори за дестабилизација на државата.Суштината на ваквите потези, според него, е да се одбрани капиталот стекнат во изминатите 20 години на власт, но не се исклучува и можноста некои групи да бидат несвесно изманипулирани и да го загрозат територијалниот интегритет и суверенитет. 

Мицкоски смета дека ДУИ претставува закана по мирот и стабилноста на МакедонијаФотографија: Government of North Macedonia

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, го повика премиерот доколку поседува какви било информации за можна дестабилизација или нарушување на мирот во земјата, итно да ги сподели со надлежните институции. 

„Доколку тоа Мицкоски го прави без основа и без да преземе конкретни чекори, Мицкоски е тој што дестабилизира. Бараме итно да се произнесе прецизно по ова тврдење, бараме Сиљановска Давкова да го свика Советот за безбедност ако е воопшто конституиран. Бараме обвинителството да покрене истрага и да го викне Мицкоски на сослушување“, порачаа денеска од партијата.

Бараме обвинителството да покрене истрага и да го викне Мицкоски на сослушување, порачаа од СДСМФотографија: Petr Stojanovski/DW

Информациите создаваат немир

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче , смета дека информациите за дестабилизација кои два дена по ред ги пласира премиерот предизвикуваат немир кај граѓаните, а негова лична одговорност е да превенира таква состојба.

„Во спротивно, тој станува соучесник или политички фактор кој можеби од таквата состојба има интерес. Доколку тој сам не ги сподели информациите, ги повикувам истражните органи да поведат постапка и ги истражат овие наводи. Како претседател на СДСМ која е одговорна партија, секогаш се спротиставувам на било какви форми на дестабилизација. Исто така, не смее да се дозволи ниту манипулации со чуствата на граѓаните и предизвикување состојба на тензија, без конкретна акција од страна на државата“, порача Филипче на Фејсбук.

Реагираа и од Демократската унија за интеграција (ДУИ), кои велат дека како државотворна партија се гарант за мирот, стабилноста, благосостојбата и европската иднина на земјата.

„Вреди“ нема информации за планот

Пратеникот Беким Сали од коалицијата „Вреди“ вели дека нема информации за наводен план на ДУИ за дестабилизација, како и со какви информации располага премиерот Христијан Мицкоски.

„Немам информации за каква дестабилизација и со какви информации располага премиерот. Доколку има информации, има Јавно обвинителство, како што ние денеска се обраќаме, така што, сметам дека институцијата е зад нас да сподели информации, одговори Сали на новинарско прашање.

Но, од ВМРО-ДПМНЕ повторно ги прозваа СДСМ и ДУИ да кажат кој е планот за дестабилизација и што е целта. „Дали СДС и ДУИ заедно го спремаат планот за дестабилизација на државата од есен?“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

„Филипче потрча со статус на фејсбук да си ја тргне мувата од капата, но џабе, и малите деца знаат дека СДС е помалиот брат на ДУИ. Сите криминали кои ги правеше ДУИ нема да беа возможни без СДС. СДС да кажат што планираат со ДУИ и дали целта е да се заштитат од одговорност за сторените криминали и ограбената држава? И СДС и ДУИ треба да знаат дека насилство и безредие нема да им помогне, напротив и за тоа ќе треба да одговараат и да се соочат со последиците на сопствените дејствија“, соопшти партијата. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми