1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог-закон за амнестија за 27 април

ДТЗ
3 февруари 2023

Тие ја поддржаа иницијатива на двајца адвокати кои бараа целосна амнестија за осудените на затворски казни до 10 години и намалување на казните за оние кои добија повисоки затворски казни.

Упад во Собрание  27 април
ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог-закон за амнестија за 27 априлФотографија: picture-alliance/dpa/B. Grdanoski

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието поднесе предлог-закон за целосна амнестија на лицата осудени за настаните од 27 април 2017 година, со што ја поддржа иницијативата на адвокатите Јанаки Митровски и Драган Пешевски, кои што ја доставија иницијативата до пратениците и побараа поддршка од нив. Со овој закон ќе бидат опфатени сите осудени лица за настаните од 27 април, без исклучок.

„Овој предлог е само продолжение на претходниот закон за амнестија, кој е донесен во декември 2018 година, но со една голема и суштинска исправка, а тоа е надминување на селективноста и селективната правда што произлегуваше од законот донесен во 2018 година“, изјави денеска (3.02) координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Пратениците од опозициската партија ги повикаа колегите од владејачкото мнозинство да го поддржат законот. „Доколку не го сторат тоа, ќе покажат и докажат дека за нив селективноста е на прво место, а владеењето на правото и правдата ги нема никаде“, вели Мицевски. Тој додава дека дале поддршка на адвокатите двата процеса да одат паралелно, односно да се чека одлуката од Врховниот суд по барањето за вонредно преиспитување на пресудата и носење на закон за амнестија. 

Целосна амнестија  

Адвокатот Јанаки Митровски за МИА изјави дека со предложениот текст се предвидува целосна амнестија за лица осудени на затворски казни до 10 години и намалување на казните за оние кои добија повисоки затворски казни. „Текстот е подобрен од страна на пратениците и со тоа што се остава можност секој амнестиран да се жали дека не прифаќа амнестија доколку е тоа негова желба, со оглед на фактот дека еден до осудените јавно прокламира дека не сака амнестија, што мора да се почитува“, додава тој.

На 27 април 2017 година, учесници во протестите организирани од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, кои бараа отфрлање на т.н. „Тиранска платформа“ и одржување нови парламентарни избори, насилно упаднаа во македонскиот законодавен дом. Упадот се случи во 19 часот, кога маскирани лица упаднаа во салата за новинари. Настанот резултираше со физички напади врз повеќе пратеници и новинари. 

Мачна вечер на насилство во Скопје

01:45

This browser does not support the video element.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми