1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Врие во Огнената група - „трн в око“ им е Артан Груби

ДТЗ
27 декември 2022

Незадоволните во партијата немаат дилема дека Ахмети треба да остане лидер, но сметаат дека треба да има нови лица во владиниот тим и во ДУИ.

Артан Груби
Обвинувања на сметка на првиот вицепремиер Артан ГрубиФотографија: DW/P. Stojanovski

Во Демократската унија за интеграција повторно врие. Членови на „Огнената група“, предводени од пратеникот Изет Меџити, денеска на прес-конференција го повторија своето незадоволство од работењето на дел од министрите во Владата и побараа одговорност за тоа. Тие се пожалија дека нивните забелешки не биле разгледани во партијата, поради што се одлучиле да ги споделат со јавноста, членството и со гласачите. 

Според него, донесувањето одлуки во партијата станало ексклузивна привилегија за Артан Груби, што не оди само на штета на партијата, туку и на штета на државата.

„Од Владата бараме политичка одговорност за неефикасно работење. Артан Груби и Бујар Османи ги имаат најслабите резултати во Владата и првпат рејтингот на албанската опозиција го надмина рејтингот на ДУИ“, рече Меџити, повикувајќи се на последната анкета на ИРИ. Ваквите резултати, според Меџити се причина за вклучување на алармот дека треба нешто итно да се преземе. 

Тој потсети дека во изборната програма на ДУИ имало 170 стратешки планови и заложби, но дека од нив речиси ништо не е исполнето. „Само 1 отсто се реализирани, а 2 отсто делумно, додека најголемиот дел се заборавени од извршната власт на ДУИ“, порача Меџити на прес-конференција поддржуван од членови на Централното претседателство на ДУИ - Саранда Имери, Блерим Беџети, Муса Џафери, Висар Ганиу, Невзат Бејта и други.

Во ДУИ повторно врие од незадоволствоФотографија: DW/P. Stojanovski

Потребни се нови лица

„Огнената група“ нема дилеми дека Али Ахмети треба да остане лидер на партијата, но сметаат дека треба да има нови лица во владиниот тим и во ДУИ. Меџити потенцираше дека го поддржуваат курсот на Владата, членството во НАТО и напорите за влез во ЕУ. „Сѐ она што се однесува за стратешките договори со ЕУ, Бугарија, сѐ што ќе биде предложено како добар закон во Собрание, што е од интерес на граѓаните, ќе ги гласаме“, рече Меџити.

„Огнената група“ и пред неколку месеци го изрази своето незадоволство, по што имаше неколку средби со партискиот лидер во Мала речица. Лидерот на ДУИ по овие разговори најави дека дебатата во партијата ќе продолжи и тврдеше дека „нема оган"  што треба да се изгасне во ДУИ.

„Нема оган, нема пламен, карактеристика на ДУИ е никогаш немало напори да се изгасне различното размислување, да се истисне или да се војува против различно размислување, напротив со почитување на тоа сме дошле до вистинските одлуки. Значи нема оган, и нема да има“, тврдеше Ахмети.

На 24 септември функционери на ДУИ, кои се нарекоа „огнена група", преку писмо побараа од раководството да запре „војната" во партијата, а одредени функционери од извршната власт да понесат одговорност. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми