1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Германија сѐ повеќе се краде

АРД
2 јули 2024

Трговците на мало во Германија се жалат на зголемување на кражбите. Посебно се погодени супермаркетите и дисконтите. Експертите сметаат дека високата инфлација и недостатокот на персонал се главни причини.

Германија Продавници
Трговците на мало во Германија имаат сè поголем проблем со кражбите во продавници. Фотографија: Martin Schutt/dpa/picture alliance

Трговците на мало во Германија имаат сè поголем проблем со кражбите во продавници. Според студијата на Институтот за трговски истражувања (ЕХИ), крадците минатата година украле стока вредна 4,1 милијарди евра. Според полициската статистика за криминал, кражбите во продавници се зголемиле за 23,6 отсто на вкупно 426.096 случаи (претходната година 344.669). Штетата на трговците е за 15 отсто поголема од претходната година. Притоа најголемо зголемување на кражбите има во продавниците за храна и облека, како и во аптеките. 

Повисоки цени, помалку персонал

Експертите издвојуваат неколку причини за тоа.
„Поради зголемувањето на цените на многу производи, некои луѓе се соочуваат со финансиски тешкотии и почесто крадат“, вели авторот на студијата Френк Хорст. „Во многу продавници денес има помалку дежурен персонал. Тоа им ја олеснува работата на крадците, затоа што присуството на персоналот индиректно ја спречува кражбата“, вели Хорст.

Во супермаркетите и дисконтите најмногу се крадат алкохолни пијалоци, тутунски производи и козметикаФотографија: Bildagentur-online/Begsteiger/picture-alliance

Многу опортуни крадци 

Меѓу најпопуларните производи за кражба во супермаркетите и дисконтите се алкохолните пијалоци, тутунските производи, козметиката, жилети за бричење, енергетски пијалоци, како и храна за бебиња и кафе. Во најголем дел се работи за претежно опортунистички сторители, но најмалку една четвртина од кражбите ги вршат професионалните крадци организирани во банди. 
Севкупната штета од кражби, но и организациски недостатоци како неточни цени, во 2023 година достигнала 4,8 милијарди евра. Тоа пак предизвикува штета и на буџетот, за тоа што германската држава загубила околу 560 милиони евра од данок на промет. 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми