1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Германија живеат 125.000 лица без државјанство

ЕМФ | агенции
12 август 2023

Во Германија во моментов живеат 125.000 лица без државјанство. Многу од нив се Палестинци и Курди дојдени од Сирија или Либан.

Германски пасоши
Германски пасошФотографија: Winfried Rothermel/picture alliance

Бројот на лица без државјанство во Германија е во благ пораст. Ова произлегува од извештајот на информативната платформа „Медиумски сервис интеграција“.

Според извештајот, актуелно се евидентирани 124.500 лица без државјанство - лани имало околу 200 лица помалку. Собраните податоци се засноваат на информации од Централниот регистар на странци (АЗР) и Сојузната влада. Голем дел од нив се луѓе од палестинските територии или Курди кои од Сирија или Либан самите дошле во Германија, или пак тоа го направиле нивни предци, а кои по бегството не успеале да добијат државјанство во ниедна друга земја. Околу 37.500 од лицата без државјанство се родени во Сирија, повеќе од 6.300 во Либан. Во Германија се родени најмалку 8.300 лица без државјанство.

Статус на лица без државјанство имаат и поранешни државјани на СССР или поранешна Југославија, чии земји на потекло веќе не постојат, а тие немаат документи за да добијат државјанство на државите наследнички.

Најмалку 37 отсто се малолетници

Повеќе од 29.500 од евидентираните лица без државјанство имаат „признат статус на лица без државјанство“, речиси 95.000 имаат „нерешено државјанство“. Речиси една третина од луѓето се „толерирани лица“ (околу 7.500) или „немаат право на престој“ (16.000).

Од сите лица без државјанство во Германија, 37 отсто се малолетни, а 60 отсто од лицата со неразјаснето државјанство живеат во Германија повеќе од пет години.

Високиот комесаријат за бегалци на ОН, УНХЦР Германија, статусот „без државјанство“ го дефинира на следниов начин: Секој кој нема државјанство на некоја земја според националните закони е лице без државјанство. Бидејќи многу влади не водат точна евиденција, постојат само нејасни проценки за бројот на лица без државјанство во светот. Обединетите нации претпоставуваат дека во светот во 2021 година имало 4,2 милиони луѓе без државјанство.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми