1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ОпштествоСоединети Американски Држави

Во САД почнува судски процес против Инстаграм и Фејсбук

ЕМФ | агенции
12 август 2026

Во Калифорнија започнува голем судски процес против компанијата Мета. Американски сојузни држави тврдат дека Инстаграм и Фејсбук создаваат зависност кај младите и бараат казна до 1,4 билиони долари.

Мета лого и икони на апликации на Ајфон
Неколку американски сојузни држави тврдат дека Инстаграм и Фејсбук создаваат зависност кај младите и бараат огромна казнаФотографија: Andre M. Chang/ZUMA/picture alliance

Во Оукленд, Калифорнија, денеска (12.08) почнува судскиот процес против компанијата „Мета“, која е обвинета дека преку своите онлајн мрежи Инстаграм и Фејсбук создавазависност кај малолетници и со тоа им предизвикува психички нарушувања.

Четири американски сојузни држави бараат воведување строги ограничувања на функциите на Инстаграм и Фејсбук, како што се бесконечното скролање и прекумерно честите известувања.

Дополнително, државните обвинители на Калифорнија, Колорадо, Кентаки и Њу Џерси бараат парична казна до 1,4 билиони долари (1,2 илјади милијарди евра), сума која е речиси еднаква на пазарната вредност на компанијата Мета. Покрај тоа, Мета би можела да биде принудена да промени или исклучи некои функции на Фејсбук и Инстаграм.

Денеска во 8:30 часот по локално време (17:30 часот по средноевропско време) најпрво ќе биде избрана поротата, која ќе има советодавна улога. Судската постапка, која се очекува да трае околу шест недели, треба да започне во вторник следната недела. Пресудата се очекува на почетокот на октомври.

Технолошката компанија постојано ги негира обвинувањата. Мета изрази увереност дека доказите ќе ја покажат нејзината долгогодишна посветеност на поддршката на младите луѓе. „Ги сослушавме родителите, соработувавме со експерти и агенции за спроведување на законот и спроведовме длабински истраги за да ги разбереме клучните прашања“, се вели оттаму. Обвинението за заблуда на потрошувачите во врска со потенцијалните опасности е неосновано, тврди компанијата, бидејќи „зависноста од социјалните медиуми“ не е признато психичко заболување.

Забрана за социјални мрежи - да или не?

01:44

This browser does not support the video element.

Поттик за истрагите против Мета беа изјавите на поранешната вработена Френсис Хоген. Таа во 2021 година сведочеше пред комисија на Сенатот дека компанијата, водена од стремежот за поголем профит, свесно се откажува од подобрување на заштитата на младите корисници.

„Мета знае дека нејзините платформи им штетат на децата и младите, но и понатаму прави сѐ тие да останат зависни од нив“, нагласи државната обвинителка на Њу Џерси, Џенифер Девенпорт, во соопштение по повод актуелниот судски процес. „Нашите деца не се податоци од кои смее да се заработува.“

По сведочењето на Хоген, јавниот и политичкиот притисок врз операторите на онлајн платформите постојано расте. Според анкетата на Ројтерс/Ипсос објавена минатата недела, 85 проценти од Американците сметаат дека социјалните мрежи можат да предизвикаат зависност кај децата. Дополнително, 61 процент од испитаниците поддржуваат построг надзор врз овие платформи.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми