1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Полицијата откри едногодишно дете зад воланот на автопат

ЖА / агенции
10 декември 2025

Полициските службеници во западна Германија дошле до шокантно откритие откако забележале жена како го користи својот мобилен телефон на возачкото седиште. Се испоставило дека некој друг бил зад воланот.

Полициско возило на автопат во Германија
Полицијата во Германија открила едногодишно дете кое управувало со автомобил на автопат, во скутот на мајката Фотографија: Fotostand/Gelhot/picture alliance

Полицијата во сојузната покраина Рајнланд-Пфалц во  Германија откри едногодишно дете како седи во скутот на мајката зад воланот на автомобил. Малото дете го држело воланот со двете раце додека мајката пишувала нешто на мобилниот телефон, како што објави полицијата во Кајзерслаутерн во средата. Двајцата се возеле по автопатот А6 во близина на Рамштајн доцна во вторникот вечерта.

Кога полицајците ги забележале младата жена и детето зад воланот, го насочиле автомобилот на следниот излез од автопатот и  извршиле проверка на жената на возачкото седиште. 29-годишната жена била целосно  некооперативна, изјавила дека нејзиното дете „не се чувствува добро“ и дека затоа сака да го однесе во ресторан за брза храна, според извештајот на полицијата.

Полицијата покрена постапка против жената. Различни надлежни служби се исто така информирани за инцидентот.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми