1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиТурција

Над 100 илјади спасувачи трагаат по преживеани во Турција

АРД | СН
10 февруари 2023

Продолжуваат спасувачките операции во Турција и во Сирија. Но, четири дена по земјотресот, се намалуваат шансите да бидат пронајдени преживеани лица. Според властите, бројот на потврдени жртви се искачи на над 20.000.

Türkei Iskenderun Erdbeben Krankenhauseinsturz Bergungsarbeiten
Фотографија: Umit Bektas/REUTERS

Четири дена по разорните земјотреси во Сирија и во Турција, властите во двете земји сега известуваат за повеќе од 20.000 загинати. Според досегашните информации, повредени се повеќе од 75.000 луѓе. Службите за итни случаи претпоставуваат дека би можело да има уште десетици илјади луѓе под урнатините. Сепак, шансите да се најдат живи се намалуваат во секој изминат час.

Според владата, повеќе од 100.000 спасувачи активно трагаат по преживеани под урнатините во Турција. Ним им помагаат кучиња трагачи. Меѓу нив се и припадници на македонската армија, кои меѓу другото, успеале од под урнатините во турскиот град Кахраманмараш да спасат петгодишно момче. Според телевизијата ТРТ Ворлд, од под урнатините досега се спасени околу 8.000 луѓе. 

Емоционален момент за спасувачите во турскиот град Хатај по извлекувањето на преживеани од земјотресотФотографија: KEMAL ASLAN/REUTERS

Во меѓувреме, 17.134 лица се пронајдени мртви, соопшти турската управа за цивилна заштита Афад. Во Сирија последно беа пријавени 3.317 смртни случаи.

Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди турско-сириската погранична област во понеделникот рано наутро. Неколку часа подоцна имаше втор земјотрес со јачина од 7,6 степени во регионот. По 72 часа, се проценува дека шансите за преживување на луѓето кои се сѐ уште под урнатините се екстремно мали. Зимските временски услови уште повеќе ја влошуваат ситуацијата: турската метеоролошка служба во средата предвиде врнежи од снег или од дожд со ниски температури во областите погодени од земјотресот.

Расте гневот во Турција поради бавната помош

02:16

This browser does not support the video element.

Тежок пристап во северна Сирија

Во сириската погранична област, ситуацијата во регионите контролирани од бунтовниците е особено критична. Испораките на помош можат да стигнат до погодените области на северот на земјата само преку граничен премин од Турција. Шест камиони со помош на Обединетите нации пристигнаа во северозападна Сирија во четвртокот. Сепак, активистите известија дека станува збор за испораки на помош што биле планирани пред земјотресот. Затоа, не пристигнаle итно итно неопходните средства за помош на настраданите во земјотресот, а наместо тоа, биле испорачани стоки како детергенти.

Во спасувањето на преживеани во сирискиот град Алепо главно учествуваат цивили волонтериФотографија: BAKR ALKASEM/AFP

Обединетите нации (ОН) апелираа до режимот на Башар Ал-Асад да им дозволи пристап на хуманитарните работници и на испораките на помош до регионите контролирани од бунтовниците. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш повика да се отворат повеќе гранични премини. „Патиштата се уништени. Луѓето умираат. Сега е време да се отворат сите достапни пристапни правци за да се донесат помош и спасувачи во погодените области“.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми