1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Водата како профитабилна инвестиција

Мелани Беф
4 јануари 2024

Сè повеќе региони во Германија имаат (повремени) проблеми со водоснабдувањето. Затоа, овој оскуден ресурс станува интересна инвестиција. Зошто да се инвестира во вода? И како и каде се инвестира?

Водата често е оскуден ресурс
Водата често е оскуден ресурсФотографија: Burakova Irina/Zoonar/picture alliance

Земјата - сина планета. Две третини од површината на Земјата се покриени со вода. На прв поглед се чини дека има вода во избоилство. Дали е навистина така? Токму спротивното. Водата е оскуден ресурс. Водата станува сѐ поважна „стока“.

А колку вода навистина е редок природен ресурс, тоа во прв ред би морало да се сфати во Германија, вели Холгер Крон од инвестицискиот фонд Свисканто. „Водата е сè уште прилично поволна. Не чини ништо, и натаму се троши многу вода. Но, и во Германија има региони каде што веќе неколку години се прогласува кризна состојба за водоснабдување.“

Водата е интересна за инвеститорите

Водата во меѓувреме стана интересна инвестициска опција. Од една страна може да се инвестира во компании кои заработуваат од продажба на вода за пиење. „Или се инвестира во области поврзани со технологијата на вода, водоснабдувањето и заштита на водите. И во иднина ќе биде важно човештвото да успее да го одвои економскиот раст од потрошувачката на вода. Тоа е многу, многу важна работа“, вели Крон. 

Добивање вода од воздухот

01:07

This browser does not support the video element.

„А, во тој контекст треба да ги споменеме техниките поврзани со отпадните води, односно да се прочистува повеќе вода. Денес во светот се прочистуваат само 20 отсто од отпадните води, тоа е премалку, тука мора да се инвестира.“

Преиспитување на односот кон водата

Во исто време, како што велат хидролозите, и компаниите мора да изнајдат начини поштедливо да го користат овој ресурс, односно пред сѐ да се запрашаат колку нивното производство е зависно од вода? Освен тоа, вреди да се спомене, на пример, нискиот водостој на реката Рајна во текот на минатата година - определен период, поради тоа, најважната водна сообраќајница во Европа беше непроодна за товарни бродови. Последица на тоа беше зголемувањето на цената на транспортот на стока. И овде, како и речиси секогаш во деловниот свет, важи правилото: работите кои се ретки, генерално се скапи.

„Предвидуваме дека пазарот на индустријата за вода ќе расте со годишна стапка од 4 до 6 насто. Значи, тоа е значително повисоко од стапката на економски раст“, забележува Крон.

Поради нискиот водостој на Рајна во текот на минатата година, товарните бродови извесно време не можеа да патуваат по таа рекаФотографија: Jochen Tack/picture alliance

Каде се троши најмногу вода?

Приватните домаќинства имаат најмал удел во потрошувачката на обична (слатка) вода, потоа индустријата - а најголеми потрошувачи се земјоделските компании. Германското министерство за економија и заштита на климата во Берлин смета дека земјоделството искористува околу 70 отсто од слатководните капацитети. Најголем дел од таа вода се впива во земјата или испарува. Компаниите веќе работат на решенија со кои наводнувањето би можело да се практикува многу поцелно од денес, односно - попаметно.

Инвестициите во секторот за вода би можеле да придонесат во борбата против недостигот на вода. Сепак, пред да вложат пари, инвеститорите треба да разјаснат во колкава мерка некоја компанија навистина на одржлив начин се однесува кон овој природен ресурс.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми