1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Водечки гувернери демонстративно го поддржаа Бајден

ЖА
4 јули 2024

Може ли Џо Бајден да остане демократски претседателски кандидат? Во екот на жестоката дебата, водечките демократски гувернери дојдоа во Белата куќа - и сигнализираа единство.

Американскиот претседател Џо Бајден
Поддршка за претседателот Џо Бајден од водечки гувернери од Демократската партијаФотографија: Michael Reynolds/EPA

Повеќе гувернери од редовите на американските Демократи ја повторија својата поддршка за претседателот Џо Бајден. Сепак, гувернерите по разговорот со Бајден изјавија дека се загрижени за состојбата на изборната кампања. „Претседателот е нашиот партиски лидер“, истакна гувернерот Вес Мур од Мериленд. Бајден речиси еден час разговараше во Белата куќа лично и преку видео вклучување со повеќе од 20 гувернери од неговата партија. Гувернерите го нарекоа разговорот отворен. Тие изразија загриженост поради  настапот на Бајден на минатонеделната ТВ дебата,  но не им се придружија на другите Демократи во повикот  Бајден да се откаже од трката.  Мур рече дека на состанокот Бајден „многу јасно ставил до знаење“ дека се кандидирал за да победи.

Според упатените, самиот Бајден за време на телефонскиот разговор со неговиот изборен тим изразил решеност повторно да се кандидира. „Јас сум во трка“, изјавил тој. И неговата портпаролка Карин Жан-Пјер, на прашањето дали 81-годишникот размислува да отстапи по неговата изборна дебата, која генерално се смета за слаба, одговори: „Апсолутно не".

Претходно огромно внимание предизвика извештај во „Њујорк Тајмс“, според кој самиот Бајден во разговор со свој пријател изразил загриженост за изгледите за неговата изборна кампања. Портпаролот на Бајден го отфрли извештајот како „апсолутно лажен“.

Бајден изјави дека не се откажува од кандидатуратаФотографија: Evan Vucci/AP/dpa/picture alliance

Кај Демократите, по-  неуспешниот ТВ настап на Бајден,  се засилија гласовите дека претседателот треба да се откаже од кандидатурата. На пример Лојд Доџет, демократски пратеник во Конгресот од Тексас, рече дека му симнува капа на претседателот Бајден, но има чувство како да е време тој да се повлече. Во спротивно, би постоел сериозен ризик владата да биде преземена од криминалец и неговата банда. Според „Њујорк тајмс", и конгресменот Раул Гријалва од Аризона отворено го повикал Бајден да ја повлече својата кандидатура. Па дури и Ненси Пелоси, поранешна претседателка на Претставничкиот дом и всушност близок соработник на Бајден, зборуваше за „легитимно прашање“ дали неуспехот на Бајден во ТВ дебатата е „само епизода или состојба".

Доколку Бајден одлучи да не се кандидира,  ќе има доволно кандидати за претседателска кандидатура на Демократската партија: покрај актуелната потпретседателка Камала Харис, тука се и гувернерите на Калифорнија и Мичиген, Гевин Њусом и Гретчен Витмер. Предвид доаѓа и Џ.Б. Прицкер, гувернерот на Илиноис.

Влијателниот конгресмен Џим Клајбурн за Си-Ен-Ен изјави дека е можно одржување на „мини предизбори“. Доколку потпретседателката Харис се кандидира за претседател, и нејзе би и требал нов потпретседател. „И на тој начин ќе ни се даде можност да погледнеме не само кој треба да биде на врвот на листата, туку и кој би бил најпогоден за второто место." Во вторникот, Клајбурн веќе се изјасни во корист на Харис како кандидат за замена, доколку дојде до таков случај.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми