1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЗдравјеГерманија

Проценка на германски експерти: Крај на Ковид-пандемијата

ЖА / агенции
26 декември 2022

По речиси три години откако коронавирусот цврсто не` држеше во клештите, водечки германски експерти гледаат крај на пандемијата. Вирологот Дростен дури смета дека таа е веќе окончана.

Германскиот виролог Кристијан Дростен
Германскиот виролог Кристијан ДростенФотографија: Michele Tantussi/REUTERS

Според еден од водечките германски виролози, Кристијан Дростен, раководител на Одделот за вирологија во берлинската болница „Шарите“ и советник на германската влада, пандемијата на корона е завршена.

„Зимава доживуваме прв ендемски бран на САРС-КоВ-2, мое мислење е дека е тоа крај на пандемијата“, изјави Дростен за „Тагесшпигел“.

Имунитетот на населението по завршувањето на оваа зима ќе биде толку проширен и цврст, што вирусот в лето речиси нема да може да се пробие. Како единствено ограничување вирологот наведува натамошен скок на мутации, иако и за тоа во моментов не гледа сериозна опасност.

Интернистот Кристијан Караианидис, кој исто така е член на експертскиот совет за коронавирус на германската влада, во интервју за Редакциската мрежа на Германија, РНД, е со слично мислење.

Интернистот Кристијан Караианидис исто така гледа скор крај на пандемијатаФотографија: Frederic Kern/Geisler-Fotopress/picture alliance

„Сметам дека зимава пандемијата веќе се повлекува“, изјави Караианидис, иако остава можност за појава на понекој помал бран. Имунолошката состојба на населението тој ја оценува за солидна, а во прилог на неговата проценка оди и фактот што на одделите за интензивна нега се наоѓаат значително намален број на пациенти заразени со Ковид-19.

Мислењето дека короната веќе има форма на ендемија во меѓувреме го делат повеќе експерти, вклучувајќи го и претседавачот со германската Постојаната комисија за вакцини (Стико), Томас Мертенс. Од негов аспект, пандемијата се дефинира пред се` со тоа еден непознат вирус, со кој луѓето немале имунолошко искуство, да избие меѓу населението во светски рамки. Таква ситуација не е веќе присутна, изјави Мертенс уште во октомври. 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми