1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаРусија

Воена парада во Москва

ЕМФ / дпа
9 мај 2024

На Црвениот плоштад во Москва почна воената парада по повод Денот на победата во Втората светска војна.

Russland | Militärparade Moskau
Фотографија: Vladimir Smirnov/TASS/dpa/picture alliance

Засенета од руската инвазија на Украина, во Москва денеска (9.05) се одржува традиционалната воена парада во знак на сеќавање на советската победа во Втората светска војна.

Воена парада во Москва во знак на сеќавање на советската победа во Втората светска војнаФотографија: Vladimir Smirnov/TASS/dpa/picture alliance

На температура околу нулата и слаб снег, парадата на Црвениот плоштад ја следи и рускиот лидер Владимир Путин, кој неделава беше инаугуриран на претседателската функција и го почна својот петти мандат.

Рускиот претседател Путин држи говор на воената парада во Москва Фотографија: Kremlin.ru/REUTERS

Од победата на Советскиот Сојуз над Хитлерова Германија минаа 79 години. Путин сѐ повеќе ги користи сеќавањата на Втората светска војна за да ја претстави неговата војна против Украина како наводно продолжување на борбата против фашизмот.

Воена парада во МоскваФотографија: Vyacheslav Prokofyev/TASS/dpa/picture alliance

На воената парада во центарот на Москва ќе маршираат 9000 војници, меѓу нив и војници кои во изминатите месеци се бореле во Украина. Освен тоа, планирано е и прикажување на оклопни возила и друга воена техника.

Воена парада во МоскваФотографија: Shamil Zhumatov/REUTERS

Традиционални паради вообичаено има и на други места во Русија, но годинава тие се откажани во многу градови поради безбедносни причини.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми