1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Воени заробеници во Украина: Презир и потиснат гнев

СН | АРД
3 ноември 2023

Од почетокот на војната, многу припадници на руската армија станаа воени заробеници во Украина. Тие се во затвор или во единствениот затвор за воени заробеници во земјата. Репортажа на германскиот јавен сервис АРД.

Руски воени заробеници во затворска ќелија во Украина
Руски воени заробеници во затворска ќелија во УкраинаФотографија: Anna Fil/DW

Стотици мажи, некои во избледени сиви и сини јакни и панталони, седат во мензата на единствениот затвор за воени заробеници од руската армија во Украина. Каде точно се наоѓа и колку мажи таму се затворени, јавно не е познато. Денеска, меѓу другото, на менито е чорба со месо и компири со бел леб.

Врата од ќелија во затворскиот центар за руските воени заробенициФотографија: Anna Fil/DW

„Благодарам за ручекот“

Затворениците кои изеле стануваат, ги свиткуваат рацете зад грб и во хор на украински велат „Благодарам за ручекот“. Мажите јадат во смени, а редот се протега од пултот за храна по скалите и излегува во дворот. На високите камени ѕидови со бодликава жица висат слики на украински личности од минатите векови и на сите претходни претседатели од независноста на земјата. Украина, која Кремљ сака да ја уништи, има долга историја, гласи пораката.

Воените заробеници потекнуваат од Русија и од руските окупирани области во Украина, вели Петро Јаценко од надлежната канцеларија за координација во Киев, кој го обиколува затворот. Мнозинството од мажите не отслужуваат казна, но дел од нив се осудени за воени злосторства. Јаценко ги спомнува пукањата врз украинските цивили. „Најпознат пример е Буча. Но, во секој град окупиран од Русија имаше злосторства против цивилното население, луѓе беа убивани, мачени и силувани без причина. А, оние кои го направија тоа се всушност криминалци кои ја користат војната за да извршат злосторства.“

Буча: Сè повеќе докази за злосторства врз цивилите

01:44

This browser does not support the video element.

„Нѐ сметаат за терористи“

Сето тоа е измислено, тврди воениот затвореник Руслан, кој собира градинарски мебел во работилницата. Намуртениот маж во своите рани 40-ти се жали на храната и на дневните прозивки. Тој доаѓа од  Доњецк, украинскиот град окупиран од Русија, и вели дека Украина го нападнала Донбас. 

 „Нѐ гледаат како терористи, како сепаратисти. Извинете, но ако почнат да нѐ убиваат, што да правиме?“, вели Руслан. Креветите се наредени блиску еден до друг во амбулантата. Ранетите таму имаат изобличени лица, преврзани глави, ампутирани раце и нозе или дури и чир на желудникот. Некои читаат, други ги следат новинарите со погледи кои изгледаат како мешавина од интерес, презир и потиснат гнев.

Не знае ништо за суровоста на групата Вагнер?

Стотици километри подалеку, Дмитриј Воробјов седи во подрумот на официјална зграда во Киев. 41-годишникот е облечен во руска униформа и го чува вооружен украински војник. Русинот од Волгоградската област трипати бил ангажиран од озлогласените платеници на Вагнер - поради пари, како што вели. Меѓу другото, тој се борел кај Бахмут и неколкупати бил ранет. Од 25-те луѓе со кои почнал, по речиси две недели биле живи само петмина. Воробјов вели дека не учествувал во ниту едно од злосторствата извршени од групата Вагнер. Тој, вели, е аполитична личност. Во средината на јули преминал во редовната руска армија и се вратил во Украина, каде што се предал на почетокот на септември. Воробјов не прави разлика меѓу платениците на Вагнер и руската армија.

„Едноставно подалеку од сѐ“

Александар Гапонов од Чељабинск се пријавил за воена служба од руски затвор. Сега тој седи во скромна соба во затворот за воени заробеници- припадници на руските трупи за инвазија. 28-годишникот е осуден на десет години затвор во Русија поради грабеж.

Книги и храна во затворска ќелија на руски воен заробеник во УкраинаФотографија: Anna Fil/DW

Од затвор доброволно се пријавил за Украина и бил сместен во таканаречените „Јуришни трупи З“. Според Американскиот институт за проучување на војната, овие единици се состојат првенствено од регрутирани затвореници кои се распоредени на особено опасни делови од фронтот. Во јули, во областа Запорожје во Украина, неговите нозе биле толку тешко ранети што можел само да ползи, вели Гапонов. „До вечерта не сакаа да ме евакуираат, а јас реков дека можеби нема да бидам жив дотогаш. Продолжив да ползам, едноставно подалеку од сѐ, а потоа ме заробија Украинците“.

Руската страна разменува помалку затвореници

АРД ги водеше интервјуата во логорот за воени заробеници без украински надзор. Но, затворениците веројатно и онака се самоцензурираат. Сите со кои разговараме велат дека не знаеле ништо за садистичките суровости извршени од руската страна врз украинските воени затвореници или за убиствата, мачењата и силувањата на украинските цивили. Или овие дела ги нарекуваат измислени.

Руски воени заробеници по нивното ослободување во рамките на размена на воени заробеници со Украина во јуни 2023 годинаФотографија: /Russian Defence Ministry Press Service/Tass/picture alliance

Воените затвореници сакаат да се вратат во Чељабинск или Доњецк. Но, од летото има многу малку размени на затвореници - со неколку исклучоци, вели Јаценко од канцеларијата за координација во Киев. „За жал, руската страна го замрзна овој процес и ова е многу голем проблем. Јаценко би сакал сите мажи од логорот за воени заробеници да бидат разменети за украински затвореници: „Можете да ми верувате, повеќе би сакал да се ослободам од нив денес отколку утре“.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми