1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиСоединети Американски Држави

Заложници во Газа: Трамп му постави ултиматум на Хамас

СН/агенции
3 декември 2024

Хамас се уште држи десетици израелски заложници во Појасот Газа. Новоизбраниот американски претседател Трамп повика на нивно итно ослободување - и упати закана до терористичката организација.

САД Доналд Трамп
„Ослободете ги заложниците сега“ , напиша новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп на социјалната мрежа Трут СоушлФотографија: Brandon Bell/Pool via REUTERS

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп им се закани на палестинските милитанти во Појасот Газа со огромни последици доколку израелските заложници што ги држат повеќе од една година не бидат ослободени до моментот кога тој ќе ја преземе функцијата.

Тој порача дека ќе биде платена „ужасна цена“ на Блискиот Исток доколку заложниците не бидат ослободени пред неговата инаугурација на 20 јануари 2025 година.

„Оние кои се одговорни ќе бидат погодени посилно од кој било...“ објави Трамп на веб-страницата Трут соушал и ја додаде пораката „Ослободете ги заложниците сега“, напишана со големи букви.

Со ужасна цена Трамп им се закани на оние кои, како што напиша, извршиле злосторства против човештвото.

Демонстрации во Њујорк за ослободување на израелските заложници во Појасот Газа (архивска фотографија)Фотографија: Lev Radin/picture alliance

Војната во Газа започна кога палестинските екстремисти предводени од Хамас го нападнаа јужниот дел на Израел и убија околу 1.200 луѓе, главно цивили, и киднапираа и одведоа повеќе од 250 заложници на палестинска територија.

Заканата на Трамп дојде откако израелската влада ја потврди смртта на Омер Неутра, Израелец кој имал и американско државјанство.

Се верува дека неговото тело сè уште е во Газа. Неколку дена претходно, Хамас објави видео снимка од Еден Александар, кој служел во израелската војска кога бил киднапиран.

На видеото се гледа како тој е под притисок додека го повикува Трамп да преговара за неговата слобода и за слободата на преостанатите заложници на Хамас.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми