1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиПалестински територии

Шест загинати Палестинци на Западниот Брег

СН/агенции
27 декември 2023

Од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, пораснато е насилството и на Западниот брег, втората палестинска автономна област.

Сцена од израелска рација во Џенин на Западниот брег на 12 декември 2023 година
Сцена од израелска рација во Џенин на Западниот брег, против осомнчени поддржувачи на Хамас на 12 декември 2023 годинаФотографија: Jafaar Ashitiyeh/AFP

Најмалку шест Палестинци се убиени во израелски напад во бегалски камп на северот на Западниот Брег, соопштија рано утринава палестинските власти и хуманитарните организации.

Црвената полумесечина соопшти дека израелско беспилотно летало погодило група Палестинци во бегалскиот камп Нур Шамс во близина на градот Тулкарем.

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека шест тела биле донесени во болницата Табет Табет, а Црвената полумесечина ги обвини израелските сили за попречување на движењето на амбулантите возила и транспортот на загинатите и ранетите лица.

Израелско оклопно возило патролира во Наблус на Западниот БрегФотографија: Nasser Ishtayeh/SOPA Images/ZUMA Press Wire/picture alliance

Израелската армија не го коментираше инцидентот.

Насилството на Западниот Брег се интензивираше од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври во Појасот Газа.

Оттогаш на Западниот брег се убиени најмалку 310 Палестинци, според податоците на Министерството за здравство, кое не прецизира колку од жртвите се цивили, а колку вооружени лица.     

     

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми