1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ТероризамПалестински територии

Смртоносен напад врз Израелци на Западниот Брег

СН/агенции
22 февруари 2024

Во напад врз еврејска доселеничка населба на Западниот брег убиен е најмалку еден Израелец а неколкумина се ранети. Израелските власти говорат за терористички напад и соопштија дека напаѓачите се „неутрализирани“

По почетокот на војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври, 2023, драстично зачестија и сцените на насилство на Западниот Брег
По почетокот на војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври, 2023, драстично зачестија и сцените на насилство на Западниот БрегФотографија: AMMAR AWAD/REUTERS

Според израелските извештаи, тројца палестински напаѓачи со автоматско огнено оружје убиле едно лице, а повредиле најмалку осум други, некои тешко, во близина на еврејска доселеничка населба на Западниот Брег.

Претставници на службите за итни случаи соопштија дека неколку повредени лица се во критична состојба по нападот во близина на населбата Маале Адумим, лоцирана на автопатот меѓу Ерусалим и Мртвото Море.

Според полицијата, напаѓачите со возило дошле до местото на нападот, излегле и отвориле оган врз автомобилите заглавени во сообраќајот на патот кон Ерусалим. „Двајца терористи се неутрализирани на лице место“, соопшти полицијата. Третиот „терорист“ се обидел да побегне, но исто така бил „неутрализиран“. Според израелската домашна разузнавачка служба Шин Бет, тројцата напаѓачи биле Палестинци од областа околу градот Витлеем.

Како изгледа Газа по речиси три месеци војна?

01:03

This browser does not support the video element.

Ова е втор вооружен напад во една недела. Во петокот, напаѓачи застрелаа две лица во напад врз автобуска станица во местото Кирјат Малахи во јужен Израел.

Окупираниот Западен Брег постојано е сцена на напади на милитантните Палестинци врз Израелците, како и на смртоносни операции на израелската армија но и напади на еврјските доселеници врз Палестинците

Од почетокот на војната меѓу Израел и исламистичката палестинска организација Хамас во Појасот Газа на 7-ми октомври, насилството драстично се зголеми на Западниот Брег, со кој управува политичкото движење Фатах, на палестинскиот претседател Махмуд Абас.

     

    

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми