1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

Апел до Израел и Хамас да ги обноват преговорите за примирје

СН | АРД
9 август 2024

САД, Катар и Египет посредуваат меѓу Израел и Хамас со месеци - без многу успех. А ситуацијата на Блискиот Исток само се влошува. Земјите повикуваат на продолжување на преговорите. Израел веќе се согласи.

Тешка ситуација во Појасот Газа
Тешка ситуација во Појасот ГазаФотографија: Abdel Kareem Hana/AP/dpa/picture alliance

Посредниците во тешките преговори за прекин на огнот во војната во Газа побараа од Израел и од палестинската  радикална група Хамас да ги продолжат преговорите на 15 август во Доха или во Каиро „за да се затворат сите преостанати празнини и да се започне со спроведување на договорот без натамошно одлагање“, се вели во изјавата на американскиот претседател Џозеф Бајден, египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси и Катарскиот емир Тамим бин Хамад ал Тани.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху веќе потврди дека сака да испрати свои претставници на состанокот. „По понудата на САД и посредниците, Израел на 15 август ќе испрати делегација на преговарачи на локацијата која допрва треба да се одреди за да се разјаснат деталите и да се имплементира привремениот договор“, соопшти кабинетот на Нетанјаху.

Кабинетот на премиерот Нетанјаху потврди дека Израел сака да испрати свои претставници во Доха или во Каиро на 15 август заради продолжување на преговорите за прекин на огнотФотографија: Ohad Zwigenberg/AP/dpa/picture alliance

Загриженост за натамошна ескалација на Блискиот Исток

Изјавата на посредниците доаѓа во критичен момент кога Иран и неговите сојузници како Хамас најавија одмазднички напади против Израел поради убиството на двајца високи лидери на Хамас и еден на либанскиот Хезболах. Постои загриженост дека војната во Газа целосно ќе ескалира.

Време е да се постигне „моментално олеснување“ и за измаченото население во Појасот Газа, како и за заложниците и нивните семејства, се вели во соопштението на трите земји. Тимовите за посредување неуморно работеа со месеци на создавање на рамковен договор кој сега е на маса и треба да се разјаснат само деталите за имплементацијата, се вели во соопштението. „Нема повеќе време за губење и нема изговори за натамошни одложувања.“

„Од него ми остана само чевелот“

00:56

This browser does not support the video element.

Време е да се ослободат заробените заложници, да се постигне прекин на огнот и да се спроведе договорот. Доколку е потребно, тие се подготвени да излезат со конечен предлог за премостување кој ќе ги реши преостанатите прашања за имплементацијата на начин „кој ги исполнува очекувањата на сите страни“, велат посредниците.

Бајден претстави план

Со месеци Катар, Египет и САД преговараа зад кулисите за постигнување прекин на огнот во Појасот Газа и за ослободување на заложниците. Разговорите се фокусираат на планот кој американскиот претседател Бајден го претстави во мај и за кој рече дека е предложен од Израел.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми