1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

Војна во Газа: Бени Ганц го напушти израелскиот воен кабинет

СН/агенции
10 јуни 2024

Министерот пред три недели веќе му се закани на премиерот Бенјамин Нетанјаху дека ќе поднесе оставка од владата доколку не биде претставен повоен план за Појасот Газа. Сега поднесе оставка на функцијата.

Бени Ганц беше единствениот центристички член на израелскиот воен кабинет
Бени Ганц беше единствениот центристички член на израелскиот воен кабинет Фотографија: ABIR SULTAN/EPA

Членот на израелскиот воен кабинет Бени Ганц поднесе оставка, оставајќи ја десничарската влада на премиерот Бенјамин Нетанјаху без единствената центристичка сила.

„Нетанјаху нè спречува да се движиме кон вистинска победа (во војната во Газа)“, рече Ганц во телевизиско обраќање, наведувајќи дека неговата одлука да ја напушти владата е „комплексна и болна“.

„Затоа ја напуштаме владата за вонредни состојби со тешко срце, но со цело срце“, рече Ганц, главниот политички ривал на Нетанјаху, на кого тој претходно му најави оставка доколку не објави нов воен план за иднината на Појасот Газа по војната против Хамас во Појасот Газа до 8 јуни.

Истовремено, Ганц го повика премиерот Нетанјаху да одреди датум за предвремени избори.

„За да се обезбеди вистинска победа, би било соодветно да се одржат нови избори наесен, една година по катастрофата, кои би можеле да доведат до формирање влада која ќе ја има довербата на народот и ќе биде способна да се соочи со предизвиците“, рече Ганц.

Се очекуваше Ганц да поднесе оставка во саботата, но ја одложи одлуката по веста дека израелските сили ослободиле четворица заложници во воена операција, за која официјални лица од Газа соопштија дека загинале повеќе од 270 Палестинци.

Бени Ганц и премиерот Бенјамин Нетанјаху не се на иста бранова должина околу плановите за иднината на Појасот Газа по војнатаФотографија: imago images/UPI Photo

Оставката на Ганц дојде и покрај тоа што Нетанјаху во саботата го повика да остане во владата за вонредни состојби, велејќи дека сега на Израел му е потребно единство, а не поделба.

„Мораме да останеме обединети пред големите задачи. Го повикувам Бени Ганц да не ја напушта владата. Не се откажувај од единството“, порача Нетанјаху на социјалните мрежи.

Одлуката на Ганц не ја става веднаш на ризик владата на Нетанјаху, бидејќи неговата партија не е дел од премиерската коалиција, која сè уште има мнозинство од 64 места во 120-члениот парламент.

Во Воениот кабинет, кој беше формиран по нападот на Хамас на 7 октомври минатата година, сега остануваат само претставници на партијата Ликуд на Нетанјаху.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми