1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиПалестински територии

Војна во Газа: Хамас наводно не знае колку заложници се живи

СН/агенции
14 јуни 2024

Ослободувањето на киднапираните се смета за важна воена цел за Израел. Се верува дека Хамас во Појасот Газа сѐ уште држи околу 120 заложници. Очигледно ниту самите киднапери не знаат колку од нив сѐ уште се живи.

Во Израел речиси секојдневно се оддржуваат протести за ослободување на заложниците
Во Израел речиси секојдневно се оддржуваат протести за ослободување на заложницитеФотографија: ABIR SULTAN/EPA

Портпаролот и член на политичкото биро на палестинската милитантна група Хамас, Осама Хамдан изјави дека „никој не знае“ колку заложници во Појасот Газа се уште се живи.

На прашањето дали Хамас жали за нападот врз јужен Израел на 7 октомври минатата година, со оглед на војната што следеше, Хамдан рече дека нападот врз Израел е оправдан бидејќи тоа е „реакција против окупацијата“.

„За тоа е одговорна израелската окупација. Ако се спротивставате на окупацијата, ќе ве убијат, но ако не се борите против окупацијата, тие исто ќе ве убијат и ќе ве избркаат од вашата земја. Затоа, што требаше да правиме, само да чекаме?“, праша Хамдан од Бејрут, главниот град на Либан, во интервју за американскиот телевизиски канал Си-Ен-Ен.

Војната меѓу Израел и Хамас трае повеќе од осум месециФотографија: Eyad Baba/AFP/Getty Images

Хамдан, меѓу другото, рече дека Израел мора да се согласи на целосен прекин на огнот пред да се случат какви било преговори за ослободување на заложниците.

„На Хамас му е потребен јасен став од Израел за да прифати примирје, целосно повлекување од Газа и ослободување на Палестинците. Подготвени сме да разговараме за фер договор околу размена на затворениците“, рече Хамдан.

Хамдан ја истакна потребата САД да ја убедат израелската влада да се согласи на траен прекин на борбите во Газа.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми