1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

Војна во Газа: Нетанјаху го распушти воениот кабинет

СН/агенции
17 јуни 2024

Израелскиот премиер го распушти воениот кабинет по оставката на функцијата во кабинетот на опозицискиот лидер Бени Ганц. Нема да има нов состав на кабинетот - ултрадесничарската влада продолжува без опозиција.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нема намера да состави нов воен кабинет
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нема намера да состави нов воен кабинетФотографија: Ohad Zwigenberg/AP/dpa/picture alliance

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го распушти воениот кабинет формиран во Израел по терористичкиот напад на исламистички Хамас на 7 октомври минатата година. Ова едногласно го пренесуваат израелските медиуми. Чекорот беше очекуван: токму минатата недела поранешниот министер за одбрана Бени Ганц поднесе оставка од кабинетот.

Ганц и Нетанјаху беа во несогласувања околу продолжувањето на војната во Газа. Нетанјаху нема намера да го пополни местото на Ганц. Ново издание на воениот кабинет ќе нема, велат од кабинетот на Нетанјаху.

Порака за единство со ограничен рок

Нетанјаху формираше воен кабинет со министерот за одбрана Јоав Галант, Ганц и со двајца членови без право на глас. Затоа, влијанието на членовите на ултрадесничарската коалиција на Нетанјаху беше ограничено во донесувањето на најважните воени одлуки.

Како изгледа Газа по речиси три месеци војна?

01:03

This browser does not support the video element.

Десничарската верска коалиција на Нетанјаху има мнозинство со 64 од 120 места во парламентот - но, тој сепак сакаше да ја вклучи опозицијата во неговата војна против исламистичкиот Хамас.

Поранешниот генерал Ганц се приклучи на владата на Нетанјаху како министер без ресор по невидениот напад на Хамас и другите терористички групи на 7 октомври за да испрати порака за единство. Централната партија Национален сојуз, предводена од Ганц, е во опозиција.

Големи антивладини протести

Истовремено, Израел го потресуваат големи антивладини протести. Според локалните медиуми, демонстрантите втор ден по ред блокирале голем број клучни автопати и патишта со своите автомобили. Тие бараат избори, но и постигнување договор за ослободување на заложниците кои ги зеде Хамас.

За вечерва (17.06) е најавен голем протест кој треба да се одржи во 19 часот пред израелскиот парламент Кнесетот, а потоа демонстрантите ќе маршираат кон резиденцијата на премиерот Нетанјаху.

Организаторите на протестот вчера најавија дека целта им е да изнесат еден милион луѓе на улица.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми