1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиСоединети Американски Држави

САД планираат испорака на нов пакет оружје за Израел

СН/агенции
15 мај 2024

Американската влада не сака да му обезбеди оружје на Израел за голема офанзива во Рафах. Претседателот Бајден тоа јасно го кажа минатата недела. Сепак, во моментот очигледно се подготвува нов обемен пакет за вооружување.

Тенкови на израелските одбранбени сили (ИДФ) во Појасот Газа
Тенкови на израелските одбранбени сили (ИДФ) во Појасот ГазаФотографија: Ammar Awad/REUTERS

Според извештаите на американските медиуми, САД планираат нова испорака на оружје во Израел во вредност од повеќе од една милијарда американски долари (околу 924 милиони евра). Владата на американскиот претседател Џо Бајден за ова го известила Конгресот пишува, меѓу другите, весникот Волстрит Џурнал повикувајќи се на неименувани извори. Пакетот содржи тенковска муниција, тактички возила и минофрлачки гранати. Според други извештаи на американските медиуми, владата го иницирала процесот на одобрување на испораката во Конгресот. Според американскиот телевизиски канал Си-Ен-Ен, процесот е се уште во рана фаза.

Американската воена поддршка за Израел во моментов се следи со особено внимание. Поради израелската воена операција во градот Рафах во јужниот дел на Појасот Газа, американската влада во моментов ја прекина испораката на таканаречените тешки бомби за Израел. Минатата недела Бајден му се закани на Израел дека израелската офанзива врз градот, кој е полн со внатрешно раселени луѓе од другите делови на Појасот Газа, ќе има последици врз испораката на американско оружје.

Американскиот претседател Џо Бајден му се закани на Израел деќа ќе ги прекине американските испораки на оружје во случај на голема копнена офанзива врз РафахФотографија: Mandel Ngan/AFP

Веднаш по оваа изјава, Белата куќа се обиде јасно да стави до знаење дека американската влада нема да се откаже од поддршката на Израел во војната против Хамас и дека оваа пратка е само моментално паузирана.

„Ќе продолжиме да даваме воена помош“, нагласи во понеделникот советникот на Бајден за национална безбедност Џејк Саливан. Портпаролката на Бајден, Карин Жан-Пјер, наредниот ден, на прашањето за акциите на Израел во Рафах, рече дека Вашингтон добил уверување оти во моментов таму има ограничено распоредување на израелската војска. „И засега не изгледа дека ова е голема копнена операција“, рече портпаролката.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми