1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиПалестински територии

Совет за безбедност: Поддршка за прекин на огнот во Газа

СН/агенции
11 јуни 2024

Планот за прекин на огнот во Газа претставен од американскиот претседател Бајден доби поддршка од Советот за безбедност на ОН. За резолуцијата гласаа 14 земји, а Русија беше воздржана.

САД велат дека Израел се согласил со американскиот трифазен план за прекин на огнот одобрен од Советот за безбедност
САД велат дека Израел се согласил со американскиот трифазен план за прекин на огнот одобрен од Советот за безбедностФотографија: Michael M. Santiago/Getty Images

Советот за безбедност на Обединетите нации синоќа (10 мај, 2024) ја усвои резолуцијата за поддршка на планот за прекин на огнот, чија крајна цел е да се стави крај на осуммесечната војна меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа.

Резолуцијата го поздравува предлогот за прекин на огнот објавен претходно од американскиот претседател Џо Бајден, кој, според американски информации, го прифатил Израел.

Од Хамас, се бара да го прифати планот, кој ќе се спроведува во три фази.

„Денес гласавме за мир“, изјави по излгасувањето на резолуцијата американската амбасадорка во ОН,  Линда Томас-Гринфилд. Советот, исто така, „испрати јасна порака до Хамас: прифатете го договорот за прекин на огнот што е на маса“. Израел веќе се согласи со договорот, „а борбите би можеле да завршат денеска доколку Хамас го стори истото“, рече Томас-Гринфилд.

Како изгледа Газа по речиси три месеци војна?

01:03

This browser does not support the video element.

Резолуцијата, која ги повикува Израел и Хамас целосно да го спроведат споменатиот план, „без одлагање и без услови“, беше усвоена со 14 гласа „за“, ниту еден „против“, а Русија беше воздржана.

Претходно истиот ден, заменик-амбасадорот на САД во ОН Роберт Вуд изјави за новинарите дека САД сакаат да се уверат дека сите 15 членки на Советот за безбедност ќе ја поддржат, како што рече, „најдобрата и најреална можност барем привремено да се запре оваа војна. "

Резолуцијата беше усвоена практично едногласно, но останува неизвесно дали Израел и Хамас навистина се согласуваат на трифазен план за прекин на огнот. 

Првичната реакција од Хамас е охрабрувачка. Палестинската милитантна група го поздрави усвојувањето на резолуцијата на ОН соопшти дека е подготвена да соработува со посредниците за спроведување на планот.

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми