1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиПалестински територии

Газа: Убиени синови и внуци на лидерот на Хамас, Ханија

СН/агенции
11 април 2024

Шефот за надворешни работи на Хамас, со години е во странство и се вели дека живее луксузен живот во Катар, додека семејството и натаму му живее во Газа. Сега тројца синови и неколку внуци беа убиени во израелски напад.

Шефот за надворешни работи на Хамас, Исмаил Ханија загуби тројца синови и веројатно четири внуци
Шефот за надворешни работи на Хамас, Исмаил Ханија загуби тројца синови и веројатно четири внуциФотографија: Marwan Naamani/dpa/picture alliance

Израелската армија вчера го потврди целното убиство на тројцата синови на лидерот на Хамас, Исмаил Ханија.

Тројца оперативци на военото крило на Хамас се „елиминирани“ во воздушен напад во централниот дел на Појасот Газа, соопштија израелските одбранбени сили (ИДФ).

Војската на Израел потврди дека станува збор за синовите на Ханија. Сепак, нема потврда за смртта на неговите внуци во инцидентот.

„ИДФ е запознаен со тврдењата дека се повредени и други роднини на Ханија, меѓу нив и малолетно лице. ИДФ не ја потврдува оваа информација“, се вели во соопштението.

Уништеното возило во кое веројатно се наоѓале синовите и внуците на Исмаил Ханија при израелскиот воздушен напад во ГазаФотографија: AFP

Претходно медиумите на Хамас објавија дека тројцата сина - Хазем, Амир и Мохамед загинале во бомбардирање на возилото со кое патувале во кампот Ал Шати, и оти загинале и четворица внуци на шефот за надворешни работи на исламистичкиот Хамас. 

„Нашите барања се јасни и одредени и нема да правиме отстапки. Непријателот е во заблуда ако мисли дека нападите врз моите синови, за време на екот на преговорите и пред движењето да ги испрати своите одговори, ќе го принудат Хамас да ја промени својата позиција“, изјави Ханија за Ал Џазира.

„Не ми е подрага крвта на моите синови отколку крвта на нашиот народ“, додаде лидерот на Хамас.

Ханија е член на политбирото на Хамас од 2017 година. Според пишувањата на медиумите, тој е исклучително богат и живее луксузен живот во Катар.

Нападот врз се случи на празникот Рамазан Бајрам  кога многу Палестинци во Појасот Газа ги посетија гробовите на нивните роднини кои загинаа за време на шестмесечната војна, која започна по терористичкиот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври, минатата година.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми