1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Дали на Западот му снема муниција?

АРД | агенции | СН
14 февруари 2023

Фабриките за муниција едвај можат да ја следат потрошувачката на Украина. Актуелно времето на испорака е 28 месеци. НАТО не може да продолжи вака, изјави генералниот секретар Столтенберг пред средбата на земјите-партнери

Украинската војска троши огромни количества муниција, која Западот сѐ потешко може да ја надополни
Украинската војска троши огромни количества муниција, која Западот сѐ потешко може да ја надополниФотографија: Andrii Marienko/AP/dpa

Состојбата е алармантна: во борбата против руските напаѓачи, украинската армија испукуваа многу повеќе муниција отколку што можат да произведат западните компании за вооружување - и тоа е веќе некое време, вели генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Војната во Украина голта енормни количества муниција и ги празни магацините на сојузниците“,  изјави  Столтенберг вчера (13.02.2023) пред новинарите. „Моменталната потреба е повеќекратно поголема од брзината со која произведуваме. Тоа ја става нашата наменска индустрија под стрес.“

Украинската војска дневно троши 6 до 7 илјади гранати, наведе Столтенберг. Во моментов за крупен калибар кај производителите се чека во просек 28 месеци - пред војната тоа беа 12 месеци. „Денешните нарачки ќе бидат испорачани дури за две и половина години“, предупреди тој.

Изгледа дека оваа тема дојде на врвот на агендата пред дводневниот состанок на НАТО, кој денеска почнува во Брисел. Многу стручњаци очекуваат премин на некој вид „воена индустрија“, односно помасовно производство на муниција.

Како што рече Столтенберг, во тек е логистичка трка на Украинците на време да им се префрли доволно муниција, гориво и резервни делови. „Брзината спасува животи“, оцени тој.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг има мандат до октомври годинаваФотографија: Johanna Geron/REUTERS

Во Брисел се очекуваат претставници на околу 50 држави

Тема на состанокот на НАТО во Брисел треба да биде и барањето на украинскиот претседател, Володимир Зеленски до Западот да ѝ испорача воени авиони на Украина. На таканаречената Рамштајн конференција, на која на покана на САД во Брисел доаѓаат претставници од околу 50 земји, претходно ќе се разговара и за натамошна помош во вооружувањето. Притоа, не треба да се очекуваат одлуки. Столтенберг посочува дека војната е променета - а исто така поддршката за Украина: од противтенковски ракети до артилерија и противвоздушна одбрана до борбени тенкови. Но, наместо да зборуваат за нови вооружени системи, партнерите во Алијансата треба да се погрижат „ украинската армија да може да го користи досега испорачаното оружјето и да има доволно муниција, гориво и резервни делови на располагање пред Русија да преземе иницијатива на бојното поле“.

Столтенберг: Русија веќе започна нова офанзива

Генералниот секретар на НАТО наведе оти руската пролетна офанзива всушност веќе почнала. Тој е убеден дека Владимир Путин нема наскоро да ја заврши својата агресорска војна и испраќа илјадници нови војници на фронтот „за да го надополни недостатокот на квалитет со квантитет, дури и ако тоа води до значителни загуби“. „Затоа мораме да ѝ дадеме на Украина сѐ што ѝ е потребно да победи и да достигне праведен и одржлив мир.“

На дводневниот состанок на НАТО во Брисел не се очекува одлука за испорака на борбени авиони на УкраинаФотографија: Radosław Jóźwiak/AFP

Зголемување на издатоците за одбрана

Во врска со тоа, темата на средбатат на НАТО би требало да биде и евентуалното зголемување на трошоците за војската. Во моментов секоја членка треба да издвои барем 2 отсто од БДП за одбрана, а се зборува дека новата цел би можела да биде 2,5 или 3 насто. Тоа нема да помине без отпор, бидејќи актуелната цел многу членки на Алијансата не ја исполнуваат. Освен тоа, се очекува дека ќе се зборува за испорака на авиони за Украина, иако нема да има никаква одлука за тоа.

Кој ќе биде наследникот на Столтенберг?

На маргините на состанокот на НАТО, би требало да се зборува и за наследникот на Норвежанецот Столтенберг на чело на Алијансата. Нему мандатот му истекува во октомври годинава, и тој истакна дека нема да продолжи да ја извршува фонкцијата. Како можни наследници се споменуваат имињата на британскиот министер за одбрана, Бен Валасас, и на естонската премиерка, Каје Калас. Наследникот на Столтенберг треба да се најде најдоцна до самитот на НАТО во Вилнус во јули.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми