1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Какви последици имаат украинските напади во Татарстан?

Миодраг Шориќ
6 април 2024

Дали украинските напади со дронови врз цели во Татарстан ќе доведат до пресврт во војната? Експертите со поделени мислења за тоа што може да постигнат нападите на Украина длабоко во руска територија.

Оштетена зграда по напад на украински дрон во Елабуга, Татарстан
Оштетена зграда по напад на украински дрон во Елабуга, Татарстан, РусијаФотографија: Ostorozhno Novosti/Handout via REUTERS

Валери Романенко, експерт за дронови од Националниот воздухопловен универзитет во Киев, објаснува дека нападите со украински дронови на индустриски цели длабоко во руска територија нема да имаат влијание на текот на војната. Притоа алудира на нападите со украински дронови врз цели во Татарстан, преку илјади километри оддалечени од руско-украинската граница. Романенко вели дека прво помислил оти со дронови се нападнати рафинеријата во Нижнекамск и фабриката за дронови во Елабуга. Во меѓувреме е уверен дека нападите се изведени со полесен авион од типот А22, какви што се произведуваат во Украина уште од 1999 година. Романенко смета дека нивниот број е многу ограничен.

 

Воениот експерт Волфганг Рихтер од Австрискиот институт за европска безбедносна политика вели дека независно од тоа со што е извршен нападот, магично оружје не постои, но според него украинските контранапади со дронови би можеле да имаат последици затоа што руското раководство на почетокот на војната ветило дека граѓаните нема многу да ја почувствуваат војната во Украина, па сега Кремљ мора да признае дека тоа не е така. „Освен тоа, украинските напади би можеле да ја принудат Русија и во заднинските подрачја да постават подобра противвоздушна одбрана“, вели тој. Рихтер додава дека тогаш Русија ви можела да ја повлече таквата одбрана од границата спрема Украина и државите на НАТО. 

Дали ќе има реакции на украинските напади со дронови?

Рихтер вели дека таквите напади во никој случај не се пресврт во војната. Штефан Мајстер од Германското здружение за надворешна политика застапува сличен став. Тој вели дека нападите секако ќе ја ослабат руската логистика, но не мисли дека Русија актуелно е подготвена за компромис. Рихтер оценува дека спектакуларните напади од Украина би можеле да предизвикаат бес кај Русите и да доведат до воена реакција, а Русија и натаму поголеми воени ресурси од Украина, што е клучно за текот на војната.

Нафтена рафинерија во Нижнекамск, Татарстан исто така била цел на напад (архивска фотографија)Фотографија: Tatarstan Republic President Press Office/TASS/dpa/picture alliance

Романенко наведува тврдења на Москва дека Русија може да произведе 6 илјади дронови оод различна големина. „Украинците од друга страна, можат да произведат неколку стотина“, додава тој и проценува дека руската воена машинерија и натаму е значително поголема од украинската. 

Повеќе медимски, отколку воен успех

Мајстер вели дека во Украина не само што владее недостиг на муниција и оружје, туку и на луѓе. Топј стравува дека на руските сили среднорочно може да им успее пробив на некои делови од фронтот. Тој тврди дека Киев не го искористил порано времето да ги утврди одбранбените линии. Според неговото мислење, спектакуларните напади од Украина на цели во руската внатрешност имаат медиумски и психолошки ефект, но воено едвај.

Пад на приходите од нафта - закана за режимот на Путин?

01:15

This browser does not support the video element.

Во секој случај Украина има право да уништува руска инфраструктура, ако со тоа ја слабее воената моќ на рускиот напаѓач, порачува од Киев Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој вели дека Украина нема да ја смени таквата тактика.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми